
За компанијата: Компанијата е основана во 1991 год. во Скопје и иницијално се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка. Во 1996 год. за прв пат доби можност да врши увоз, дистрибуција и продажба на производите...
повеќе за компанијата »Aлма - М објавува ОГЛАС за следните работни
Позиции:
|
3 УНАПРЕДУВАЧИ НА ПРОДАЖБА за Скопје
|
Датум на објава:
|
7 Август 2019
|
Рок за пријавување до
|
18 Август 2019
|
Број на оглас:
|
О-190807-10-НК-УП
|
Сектор:
|
Комерција – НЕСТЛЕ
|
Локација:
|
Скопје
|
Супервизор:
|
Менаџер на Унапредувачи на Продажба
|
Работни задачи:
· Подредување, следење и контролирање на производи (процентуално учество) на сталажи во продажни објекти според стандарди и договори на Алма-М
· Имплементација на цени, маркетинг активности (летоци, акции, настани, ...) и нивно истакнување
· Следење и известување за активности на конкуренција
· Изготвување извештаи и нивно навремено доставување
· Следење на залиха на сталажи и во магацин/и на продажни објекти, следење на рокови на употреба и примена на ФЕФО методот
· Други работи по барање на претпоставената
Потребни квалификации и вештини:
- Минимум завршено средно образование,
- Флексибилност за работа на терен,
- Одлична комуникација, преговарање и ориентираност кон деловни клиенти,
- Професионално однесување,
- Организиран/а и аналитичен/а,
- Мотивирана и стабилна личност,
- Динамичен/а, проактивен/а и насочен/а кон резултати,
- Способност за индивидуална и тимска работа,
- Позитивен однос кон промени,
- Работа и познавање од компјутери (MS Office пакет),
- Пожелно е поседување возачка дозвола Б – категорија, но не е задолжително,
- Пожелно е познавање на англиски јазик.
Потребно искуство:
- Претходно работно искуство не е потребно
Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават на следната e-пошта:
vrabotuvanje@alma-m.mk со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.
Напомена:
- Работниот однос се заснова на определено време од 1 месец (период на докажување на способности), со можност за продолжување.
- САМО кандидат(к)ите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
- Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
- Дневно работно време е од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
- Паричниот износ на основната нето плата за огласеното работно место изнесува 17.000,00 денари во првите 3 месеци, која понатаму ќе биде зголемена со додаток за работна успешност.
- Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
- Ве молиме без телефонски јавувања
АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.
Слични огласи »