Зошто WordPress?
WordPress e најпопуларната и најкористената алатка за креирање на веб-сајтови во светот, а ова се само дел од светките брендови кои ja користат оваа алатка: The New Yorker, BBC America, Beyonce, The Rolling Stones, Tech Crunch, Star Wars, MTV news, Ebay, Nokia, Ford, Bata, Sony Music и многу други.
Со оваа обука, ќе научите како најлесно да изработите сопствен веб сајт, а како краен резултат ќе си добиете комплетно функционален веб сајт, бесплатно поставен на сервер во времетраење од 6 месеци.
По завршувањето на курсот и по желба на слушателите вебсајтот може да биде поставен во засебен серверски простор на DDHost.mk со 30% попуст од нивните редовни цени за хостинг и регистрација на сопствен македонски домен.
Инфо за обуката
Датум за почеток: 13-ти февруари 2017 (понеделник)
Времетраење: 36 часа (распоредени во 12 дена)
Термини: понеделник и среда од 18.00 – 20.30ч
Локација: YES бизнис инкубаторот во Автокоманда
Цена на обуката: 9000 денари
- 15% попуст за студенти и невработени = 7650 МКД (со приложување на индекс или потврда)
- 15% попуст за пријавување на двајца учесници
- Во цената е вклучен сертификат за учество на обуката, материјали за обуката и кафе за време на кафе паузите.
- Можност за плаќање на 2 рати
Пријавување на следниот линк!
Информации на [најави се за да го видиш е-маилот] или на телефон 02 3108 891.
Програма за обука (36 часа)
Акцентот на оваа програма е практичната работа, преку која на крајот од обуката ќе се постигнат конкретни резултати. По секој час планирана е изработка на домашна задача со цел практикување на наученото.
Содржина:
- Вовед во курсот. Опис на поими и технологии. Теорија низ примери. Конфигурирање на кориснички профили и пристап на сервер.
- Инсталирање на Wordpress CMS. Основни конфигурации на системот, креирање на страница и пост, креирање на менија и подменија.
- Напредни конфигурирања на WordPress - опции за заштита од напади, заштита од spam, поставување на мултимедијални фајлови
- Категории, тагови, коментари, виџети, мултимедија во постови и страници
- Креирање и менаџирање на сопствен youtube канал во системот, додатоци за следење на посетеноста на сајтот
- Креирање/интегрирање на сопствено лого во сајтот, уредување на слики, видеаи звук. Преглед на Adobe Photoshop.
- Додатоци за социјални мрежи, интегрирање на повеќејазичност, интегрирање на реклами.
- Креирање на галерии со слики
- SEO (Search Engine Optimization) на сајтот
- Инсталирање на нова тема на сајтот, прилагодување на содржините
- Back up на сајтот преку сервер и wordpress. Мејлинг листи.
За кого е наменета обуката?
Идеален курс за мали фирми, креативци, графички дизајнери и сите кои сакаат да се претстават на интернет себе или својата фирма на едноставен и брз начин.
Вистински предизвик за средношколци, студенти и возрасни без потреба од претходни знаења за програмските јазици.
За предавачот
Ратко Мирчески е дипломиран информатички инженер по интернет и мобилни технологии, а графичкиот и web дизајн му е пасија уште од најрана возраст. Со цртање и дизајн се занимава уште од основно и средно училиште, а е еден од организаторите на секцијата за ликовна уметност за време на своите средношколски денови при УСО Раде Јовчевски - Корчагин.
Тогаш зема учество и како автор на повеќе текстови во популарното средношколско списание „Визија“. Образованието го продолжува на Природно-математички факултет (Институт за информатика) каде ги проширува своите знаења во областа на графичкиот и веб дизајнот (HTML, CSS, Flash, JavaScript, .NET ...). При крајот на своите студии е главниот веб дизајнер за македонското издание на популарното германско списание Computer Bild, а истовремено го основа и тимот кој започнува да држи компјутерски курсеви во рамки на приватно училиште каде успешно работи како предавач повеќе од 10 години.
Моментално е постојано вработен во македонската компанија Алфа Аудио како ИТ администратор и консултант, каде меѓу другите обврски е одговорен и за содржините на веб сајтот и сите маркетинг активности на компанијата. Истовремено работи како слободен веб и графички дизајнер, соработува со неколку веб портали, а дел од своите креации ги пласира за продажба и преку повеќе веб сајтови за stock фотографии како Fotolia, BigStockPhoto и др.
Пријавување
Пријавување за обука на следниот линк!
Повеќе информации може да добиете на [најави се за да го видиш е-маилот] или на телефон 02 3108 891.
За да го резервирате вашето место потребно е да извршите уплата најдоцна до 06 февруари 2017.
За онлајн уплата кликнете тука!
За уплата во банка:
Примач: ПСМ Фондација
Банка на примачот: Халкбанк
Сметка: 270000001048942
Цел на дознака: Обука за Вордпрес
Зошто ПСМ Бизнис инкубатор?
ПСМ Фондација, со главна компонента бизнис инкубатор, постои од 2005 година и претставува вистински синоним за претприемништво. ПСМ Фондација како дел од своите активности нуди специјализирана бизнис поддршка, организира бизнис настани, настани за вмрежување, како и тематки обуки и ИТ обуки.
Во изминатите години поддржавме и овозможивме раст и развој на повеќе од 100 компании, повеќе од 7000 млади луѓе учествуваа на настаните кои ги организиравме и повеќе од 3000 млади луѓе и претставници од компаниипосетуваа обуки поврзани со претприемништво и ИКТ индустрија.
Биди и ти дел од оваа успешна приказна!