Декра лого

Администратор

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Декра:

Сервисер - MX trainer - Маркетинг Специјалист

Наш клиент е СИНЕРГА,  компанија за производство на заштитна облека и ХТЗ опрема во Македонија- Струга и Скопје, развиена во две насоки - производство на работна облека и комерцијален дел. Во име на својот клиент, Декра ја огласува следната позиција:

  • АДМИНИСТРАТОР

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Работа со постоечки, клучни клиенти и учество во продажбата во изложбениот салон;
  • Подготовка на анализа и извештаи за резултатите од продажбата;
  • Водење административна документација за продажбата од изложебениот салон во Скопје; 
  • Подготовка на понуди и документација за теренските продажни лица во согласност со интерните акти на компанијата;
  • Контрола на исплата и трошоци за канцеларијата;
  • Подготовка на извештаи за работењето на претпоставените.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Пожелно е минимум две години искуство на слична позиција;
  • Валидна возачка дозвола, Б категорија;
  • Одлично познавање на MS Office пакетот;
  • Одлично познавање на Англиски јазик.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Изразени комуникациски и презентациски вештини;
  • Способност за градење и развивање на професионален однос со клиенти;
  • Ориентираност кон остварување на резултати;
  • Професионалност, одговорност и лојалност;
  • Одговорно следење на компаниските правила и процедури;
  • Самоиницијативност и способност за работа во динамична средина;
  • Подготвеност за учење и личен развој.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

СИНЕРГА со својата модерност, професионалност, долгогодишно искуство и висок технолошки развој, успева да постигне флексибилност и развој на иновации кои се се поблиску до потребите на своите клиенти за заштита на работното место.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака за позицијата за која аплицираат.

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до 16/04/2017

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »