
За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси.
Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење...
повеќе за компанијата »За вработување кај наш реномиран клиент кој се занимава со производство на катализатори за автомобилска индустрија потребни се:
Оператори во магацин (Скопје, Велес, Куманово)
ЗАДАЧИ:
- Навремена и сигурна дистрибуција на роба за внатрешни и надворешни клиенти на фабриката
- Одржување на залихите во надворешниот складишен простор и хемиската зграда
- Постојана грижа дека материјалите се во можност да одговорат на барањата на работните процеси во фабриката
- Детално чување на податоци и организирање на залиха на материјали по логичен распоред
- Помош при утовар и истовар на камиони поврзани со материјали кои се наоѓаат во надворешен складишен простор и хемиската зграда
- Следење на правилата и процедурите за безбедност и здравје при работа во фабриката
- Други работни задачи согласно описот на работното место.
БАРАМЕ:
- Минимум средно образование
- Валидна лиценца за возење на палетар и моторно возило (задолжително претходно извадена од релевантна институција)
- Соодветно работно искуство со магацинско работење минимум 2-3 години, идеално во автомобилска или производствена средина, вклучително утоварање и истоварање на роба
- Искуство во користење на компјутеризиран инвентарен контролен систем
- Способност и искуство за работење под притисок и во куси временски рокови
- Свесност за правилата и регулативите за здравје и безбедност при работа
- Компетенции во користење на програмите на Microsoft Office (Word, Excel).
НУДИМЕ:
- Солидна плата со надоместоци над законски предвидените износи;
- Обезбедена храна и превоз од Скопје, Куманово и Велес;
- Колективно осигурување од незгода 24/7;
- Приватно здравствено осигурување;
- Попусти и бенефиции во мрежата на трговци соработници;
- SportMaster членство;
- Исплата на бонуси (исполнети таргети) и систем на признанија (Say Thanks program);
- Можности за посета на обуки и личен професионален развој
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на [најави се за да го видиш е-маилот] и наведете ја позицијата за која аплицирате.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
[најави се за да го видиш е-маилот] , www.esi.mk
Слични огласи »