
За компанијата:
Пивара Скопје АД е една од водечките компании во Македонија, заедничко вложување помеѓу Coca-Cola HBC и Heineken. Неговата успешна приказна започна во 1922 година и е резултат на огромна посветеност, енергија, знаење, искуство и тимска работа вложени од генерации професионалци.
повеќе за компанијата »РЕФЕРЕНТ ЗА НАБАВКИ
КОИ СМЕ НИЕ
Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци, Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.
Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме - Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи.
Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата. Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!
ШТО НУДИМЕ?
- Флексибилност во организирање на работното време
- Хибриден модел на работа кој овозможува работа од дома
- Целосно дигитализиран процес на работа базиран на современи алатки и технологии
- Фит кит – бесплатна месечна чланарина која овозможува пристап до повеќе од 300 спортски активности
- Годишно зголемување на плата врз основа на индивидуални перформанси
- Бесплатни компаниски производи за роденден и празници
- 24/7 осигурување од незгода
- Можности за обуки и развој поддржани од две интернационални корпорации
ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Градење ефективен и соработнички однос со внатрешните засегнати страни (на локално и групно ниво) и надворешните засегнати страни.
- Воведување иновации преку оптимизација на трошоците, одржливост, подобрувања на процесите и барање нови добавувачи.
- Управување со договори: нови договори, обновување и измена со цел минимизирање на деловните ризици во соработка со Правниот оддел и сите вклучени функции.
- Водење на целиот процес од „Набавка до плаќање“: спецификација на потребите, RFI/RFP/RFQ, усогласеност со добавувачите, преговори, склучување договори и следење.
- Одржување на Master data, вклучувајќи PIR, каталози и SAP Ariba
- Извршување на задачи за стратешко снабдување за потребите на компанијата и низ сите земји во групациите.
ШТО БАРАМЕ:
- Високо образование од областа на Бизнис Администрација, Финансии, Право или Инженеринг
- Најмалку 3 години релевантно работно искуство;
- Искуство во областа на набавки
- Активно познавање и користење на англискиот јазик;
- Искуство во работа со SAP или други ERP системи
- Одлични комуникациски вештини;
- Насоченост кон остварување на резултати
Доколку се пронаоѓаш во описот и си подготвен/а за нови предизвици и можности за развој, аплицирај најдоцна до 12.07.2025г.
Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 40 работни часа. Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати. Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.
Слични огласи »