
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »Во име на нашиот клиент East Gate Mall, најголемиот трговски центар во Македонија со над 220 брендови, ДЕКРА ја огласува позицијата:
- Офицер/ Специјалист за усогласеност
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
- Развива, имплементира и менаџира ефeктивнa legal compliance програма за Компанијата;
- Ги развива и редовно ги ревидира политиките и процедурите на Компанијата во согласност со важечката легислатива;
- Врши советодавна функација за менаџментот во однос на усогласеноста на Компанијата со важечките законите и прописи;
- Креира и управува со ефективни акциони планови за дејствување врз основа на спроведените ревизии и откриените неусогласености со законските прописи и интерните акти на Работодавачот;
- Редовно ги ревидира процедурите, практиките и документацијата со цел за идентификување на потенцијални слабости и ризици за Компанијата;
- Врши надзор над деловните процеси на Комапанијата за да утврди потенцијални надворешни ризици во однос на внатрешните политики и интереси на Друштвото;
- Се осигурува дека сите вработени се информирани за важечката легислатива и ги информира и запознава со секоја измена што директно се однесува на вработените;
- Врши правно советување и информирање на вработените во врска со правната усогласеност на дневна основа.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- ВСС
- Претходно работно искуство од минимум 5 години на иста или слична работна позиција
- Претходно работно искуство во ревизорско друштво и воспоставување на деловни процедури за работа ќе се смета за предност
- Одлично познавање на англиски јазик (C1/C2 ниво)
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ
- Добри комуникациски и организациски способности
- Одлично познавање на MS Office
- Аналитичност и проактивност
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови своите професионални биографии можат да ги испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за позицијата за која аплицираат.
Крајниот рок за аплицирање е 26/04/2022.
Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе влезат во потесен избор.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »