Орнамакс лого

Монтер / Монтерска група – Вработување или работа на процент

Плата од 40.000 ден. до 100.000 ден.

За компанијата: Орнамакс е компанија специјализирана за премиум мебел по мерка и обработка на Орналит (solid surface). Нашите процеси се темелат на јасни стандарди, организација и тимска координација. Го цениме трудот... повеќе за компанијата »

Монтер / Монтерска група – Вработување или работа на процент

Локација: Скопје (сместување за кандидати надвор од Скопје)

Работно време: полно работно време

Тип на вработување: договор на неопределено време (по пробен период) или соработка на процент

Опис

Компанијата е насочена кон премиум мебел по мерка. Се бараат монтери или монтерски групи за монтажа на кујни, плакари и друг мебел. Работата е теренска, прецизна и се изведува строго според технички цртежи. Не се прифаќа импровизација.

Модели на соработка

Опција 1: Вработување (плата)

  • Стабилна плата со редовна исплата
  • Договор на неопределено време по пробен период
  • Обука и воведување во процесите
  • Сместување за кандидати надвор од Скопје

Опција 2: Работа на процент

  • Исплата врз основа на процент од нето вредноста на проектот
  • Деталните услови се објаснуваат при интервју
  • Покриени трошоци за пат и сместување при работа надвор од Скопје

Одговорности

  • Монтажа според технички цртежи
  • Работа со алат
  • Почитување на рокови и план
  • Соработка со проектниот тим
  • Одржување ред на работното место

Услови

  • Искуство во монтажа најмалку 2 години
  • Читање технички цртежи
  • Возачка дозвола Б категорија е предност
  • Предност за групи со сопствено возило и алат
  • Карактер
  • Одговорност и истрајност
  • Внимание на детали
  • Смиреност под притисок
  • Работа во тим и почитување на упатства

Аплицирање

Испратете CV или краток опис на искуство на [email/kariera.mk].

Во наслов наведете: „Апликација – Монтер (Плата)“ или „Апликација – Монтер (Процент)“.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »