AIM MANAGEMENT DOOEL Skopje лого

Хаусмајстор за одржување

  • Објавен на 3.2021
  • AIM MANAGEMENT DOOEL Skopje
  • Активен до 30.03.2021
  • Позиција: Градежник и мајсторски работи
  • Локација: Скопје

(преземи го огласот во Word)

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ!

Бидете дел од нашиот тим!

Работна позиција: Хаусмајстор за одржување

АИМ МАНАГЕМЕНТ ДООЕЛ Скопје

Потребни квалификации:

  • Средно стручно образование,
  • Општи технички познавања ( електрика, водовод и секаков вид дефекти);
  • Практично познавање на електрични системи за згради и индустриски објекти;
  • Познавање на слабо-струјни електрични инсталации во згради и индустриски објекти;
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција;
  • Возачка дозвола Б категорија.

Одговорности и работни задачи:

  • Дневна рутинска контрола на објектите и нивно одржување;
  • Проверка на опремата и електричните апарати во склоп на објектите;
  • Детекција на дефекти и отстранување на истите;
  • Грижа за сите апарати, машини и инсталации;
  • Редовно одржување и проверка на електричните системи во објектот;
  • Отстранување на дефекти на електричната инсталација во објектот;
  • Промена на светилки низ објектот;
  • Работа со електричен и рачен алат;
  • Води евиденција за извршените поправки и потрошениот материјал и доставува извештаи до претпоставениот;
  • Спецификација на потребен електроматеријал за набавка;
  • Евиденција на потрошувачката на електро енергија во објектот;
  • Превземање на превентивни мерки и навремено реагирање за избегнување на дефекти и непречено одвивање на работата во објектот;
  • Поддршка во одржување на системот за ладење и греење;
  • Одржување на водоводната инсталација;
  • Браварски работи;
  • Столаро – занатски работи;
  • Извршување на други технички работни задачи  по потреба.

Личен профил:

  • Способност за тимска и самостојна работа;
  • Добри комуникациски способности, аналитичност и способност за активно решавање на настанатите проблеми;
  • Сериозен пристап кон зададените задачи;
  • Подготвеност за работа под притисок и кратки рокови;
  • Лојалност, доверливост, чесност , професионалност, ефикасност и флексибилност.

Компанијата нуди:

  • Одлична работна средина и услови за работа,
  • Работно време: Полно работно време 40 часа неделно,
  • Плата по Договор

Ако сте заинтересирани и сакате да бидете дел од нашиот тим и ги поседувате соодветните квалификации за оваа работна позиција, Ве молиме доставете кратка биографија на следната мејл адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

Предност ќе имаат кандидатите со работно искуство во соодветната област.

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.

За дополнителни информации можете да не контактирате на тел 078 741490.

Сите апликации ќе бидат разгледувани со максимална доверливост и дискреција.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на АИМ МАНАГЕМЕНТ ДООЕЛ Скопје и истите да бидат зачувани во дата базата на АИМ МАНАГЕМЕНТ ДООЕЛ Скопје.

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта:    [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »