Нептун Македонија лого

Асистент Во Сектор За Комерција и Маркетинг

За компанијата: Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group. Нептун... повеќе за компанијата »

НЕПТУН МАКЕДОНИЈА, најголемиот регионален малопродажен ланец за техничка стока, поради понатамошен развој на своите операции, распишува оглас за вработување на:

 

АСИСТЕНТ ВО СЕКТОР ЗА КОМЕРЦИЈА И МАРКЕТИНГ

Со место на вршење на работните задачи во Скопје

-одлично познавање на македонски, англиски и албански јазик-

 

 

Одговорности и работни задачи:

  • Го параметрира компјутерскиот систем на Друштвото кој се однесува на продукти, промоции и сл;
  • Врши соодветни преводи и прилагодувања на техничките карактеристики на продуктите, од и на три јазици македонски, албански и англиски;
  • Врши соодветни преводи и прилагодувања на маркетинг материјалите, од и на три јазици македонски, албански и англиски;
  • Помага при креирањето на маркетинг материјалите и литературата;
  • Помага при комуникацијата на комерцијалниот и маркетинг тимот при секојдневните активности;
  • Врши внес и корекција на онлине датотеки, податоци, материјали на веб страната и социјалните медиуми на компанијата;
  • Ги комуницира и координира содржините кои треба да бидат објавени на веб страната на Друштвото со одделот за информатички технологии;
  • Врши сродни работи.

 

 

Од кандидатот очекуваме:

  • Силни способности за литературно изразување (вербални и писмени) на македонски, англиски и албански јазик
  • Претходно работно искуство ќе се смета за предност
  • Интерес кон техника и технологија
  • Одлично познавање на работа со MS Office
  • Систематичност, организираност, иницијативност
  • Високи административни и комуникациски способности
  • Флексибилност и ориентираност кон пронаоѓање на решенија

 

 

Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим;
  • Континуирана обука и можност за напредување;
  • Работно време од понеделник- петок, од 8:00-16:00 часот.

 

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место, испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака:  “Асистент во сектор за комерција и маркетинг

Огласот е активен до 15.04.2018 година.

 

 

Општи правила за аплицирање:

  • Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
  • Назнака на позицијата за која се аплицира
  • Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во НЕПТУН МАКЕДОНИЈА или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.

 

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »