
За компанијата:
Парти Сервис Лео e една од најголемите водечки компании во иновативните процеси на производство, дистрибуција и послужување на вкусна и свежа храна на територијата на Република Северна Македонија. Нашата... повеќе за компанијата »
Успешната приказна на нашата Компанија ја градиме континуирано вложувајќи во технологија, развој и унапредување на човечките ресурси. Како дел од нашиот внимателно дефиниран план за раст и развој на Компанијата во потрага сме по успешни, енергични и посветени кандидати кои би се придружиле на нашиот тим.
Поради зголемениот обем на работа LL GOURMET има потреба од вработување на:
Специјалист за човечки ресурси
1(една) позиција, Скопје
Потребни квалификации:
- Завршено Високо образование (Менаџмент на човечки ресурси, Психологија или сродно образование од областа на човечки ресурси)
- Претходно работно искуство од 5 (пет) години на иста или слична позиција ќе се смета за предност
- Висок степен на одговорност и аналитичност
- Одлични комуникациски и организациски вештини
- Самоиницијативност и посветеност
- Енергичност, доверливост и истрајност
- Висок личен интегритет и деловна култура
- Флексибилна личност која е подготвена за тимска работа
- Познавање на англиски јазик
- Возачка дозвола Б категорија
Опис на работни задачи и одговорности:
- Врши прибирање, анализа, евиденција и обработка на записи поврзани со: редовноста на вработените – присуства, платени и неплатени отсуства, основни податоци за вработените и податоци за нивното вработување, обуки, квалификации
- Учествува во креирањето и спроведувањето на активности поврзани со регрутација и селекција, onboarding процеси, распоред на работно време и др.
- Спроведување на процесите за вработување, продолжување и прекин на работен однос, вклучително и пријава и одјава на вработени во АВРСМ и водење на кадровска документација
- Одржување и ажурирање на HR бази на податоци и персонални досиеја
- Подготовка на податоци за пресметка на плати и изработка на HR извештаи
- Организација и поддршка на onboarding процесот, евалуација и развој на вработените
- Развој и имплементација на HR политики, процедури и интерни акти
- Спроведување анкети за задоволство, мотивација и продуктивност и предлага подобрувања
- Комуникација и индивидуална поддршка на вработените, и реализација на интерна комуникација
- Учество во активности за employer branding и јакнење на имиџот на компанијата
- Координација на активности поврзани со безбедност и здравје при работа и соработка со надворешни партнери
Нa кандидатот му нудиме:
- Работа во позитивна и пријатна атмосфера
- Полно работно време од 40 часа неделно
- Работниот однос се заснова на определено време со можност за продолжување
- Конкуренски месечни примања
- Подарок за роденден
- Организирана исхрана
- Платен превоз
- Колективно осигурување 24/7
Доколку сте сигурни дека ја поседувате потребната амбиција, желба за успех и страст да се приклучите кон нашиот успешен тим, и сте спремни да ги користите извонредните можности за професионален развој кои ние ги нудиме, испратете ја вашата кратка биографија CV на е-маил [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака “Специјалист за човечки ресурси ”
Со аплицирањето кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во CV- то да бидат собрани и обработени од ПАРТИ СЕРВИС ЛЕО ДООЕЛ Скопје во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидатот за позицијата за која аплицираат. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.


Слични огласи »