Мотиви Вработубање за својот клиент Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп, објавува оглас за:
СОРАБОТНИК ЗА ПЛАНИРАЊЕ НА ПРОИЗВОДСТВО
Опис на работата:
Планерот за производство е врска помеѓу клиентите и фабриката. Тој е одговорен за краткорочни и долгорочни распореди за производство врз основа на обемот на потрошувачката и информациите добиени од Синџирот на снабдување на клиентите. Во соработка со секторот за производство, го распределува обемот на производство земајќи ги во предвид производствените ограничувања, со цел да се обезбеди достапност на производот по оптимална цена, преку оптимизирање на човечките и машинските ресурси.
Главните обврски:
- Подготовка на распореди за производство за оптимално искористување на производните ресурси и постигнување оптимални нивоа на залиха на полупроизвод.
- Планирање на обемот на производство усогласен со барањата на пазарот, за да се обезбеди навремена достапност на производот за испорака.
- Обезбедување ажурирана и сигурна 12-месечна анализа на променливиот капацитет на синџирот на снабдување со цел да се обезбеди правилна дистрибуција на обемот на производство.
- Подготовка на планови за производство и проекции за оптоварување на машини во буџетскиот циклус преку анализа на производниот капацитет и способности.
- Соодветно оддржување на сите информации поврзани со планирањето на производството (планирани/процесни нарачки, модификации и инсталации на машини и комплети, промени во работните распореди итн.) во сите поврзани системи (SAP и Digit).
- Одржување на добра комуникација и координација со сите оддели.
- Подготовка на ад-хок анализи.
Потребни квалификации:
- ВСС (бизнис администрација, економски и сл.)
- 2-3 години искуство во производство
- Одлични аналитички вештини
- Познавање на производните процеси
- Ефикасна комуникација и вештини за тимска работа
Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии можат да ги проследат на: [email protected] со назнака Соработник за планирање на производство
Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.