Ветеринарен Центар лого

Администратор

Плата од 40.000 ден.

Активни огласи од Ветеринарен Центар:

Ветеринар

Ветеринарен Центар е современа ветеринарна амбуланта во Скопје со повеќе од 24 години континуирана работа - грижа за здравјето и благосостојбата на животните. Нудиме широк спектар на услуги, вклучувајќи превентивна ветеринарна медицина, модерна сликовна и лабораториска дијагностика и хирургија. Нашата работа се темели на стремеж кон континуирано учење и усовршување на ветеринарната медицина и взаемна доверба која ја негуваме со нашите клиенти.

Отворено работно место: АДМИНИСТРАТОР

Локација: Ветеринарен Центар, Козара 64/1, Скопје

Дали сте организирана, комуникативна и дигитално вешта личност која сака динамична и одговорна работа во професионална средина?

Можеби токму Вие сте личноста која ја бараме!

Што нудиме:

  • Работа во мотивиран, професионален и пријателски тим
  • Развивање на комуникациски, организациски и менаџерски вештини во реално деловно опкружување
  • Менторска поддршка и континуирано учење од поискусни членови на тимот за професионален и личен развој
  • Учество во креирање и подобрување на внатрешни организациски процеси, маркетинг активности и идеи за раст на компанијата
  • Пријатна и инспиративна работна атмосфера за љубителите на животни

Вашата улога ќе биде:

  • Комуникација со клиенти на македонски и англиски јазик - во живо, телефонски и преку е-пошта
  • Менаџмент на администрација на пациенти - закажување на термини и управување со податоци на пациенти
  • Реализација и евиденција на наплата - користење на софтверско решение и фискален апарат
  • Системска евиденција на логистика и добавувачи
  • Поддршка при комуникација и организација на тимот
  • Промоција на вредностите и услугите на компанијата - маркетинг
  • Препознавање на тековни потреби и предлози за унапредување на организациските процеси

Потребни квалификации:

  • Соодветно образование од областа на менаџмент, бизнис или маркетинг
  • Одлично ракување со компјутерски алатки (MS Office, интернет алатки, административен софтвер, фискален апарат)
  • Поседување на одлични писмени и усмени вештини за професионално и јасно изразување во деловна комуникација
  • Желба за комуникација со клиенти - љубезен и трпелив однос
  • Одлично познавање на странски јазици, вклучувајќи англиски јазик
  • Искуство како оперативен, административен или офис менаџер, рецепционер/ка или фронт деск менаџер - пожелно
  • Желба за напредок и активно вклучување во организациските процеси на компанијата
  • Позитивен однос во работна средина каде што има присуство на животни

Испратете го Вашето CV со фотографија на македонски јазик на  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака Оглас за администратор .

Само кандидатите кои ќе бидат одбрани во потесен круг ќе бидат контактирани за спроведување на интервју.

Аплицирајте најдоцна до 12.04.2026.

Вашата апликација ќе биде третирана со целосна дискреција и во согласнот со Законот за заштита на личните податоци. Со испраќањето на апликацијата се согласувате Вашите лични податоци да бидат употребени за процесот на селекција.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »