
За компанијата: ФМС дооел е специјализирана компанија која ги нуди сите услуги поврзани со имотот. Компанија која ќе го процени, идентификува и претстави најдоброто решение за предизвиците и проблемите со кои се соочува...
повеќе за компанијата »Фасилити Менаџмент Сервицес дооел - Скопје, лиценцирана компанија која на своите клиенти им нуди интегриран систем на услуги од областа на управување на недвижнини и нивно одржување од секаков вид.
АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ
Одговорности и задачи:
- Организира административни, финансиски и организациски задачи при работењето,
- Прием и проследување на повици, прием на нарачки, проследување на документи,
- Деловна коресподенција,
- Прием и пречекување на клиенти,
- Водење на деловодна книга, архивирање на документи и подготовка на извештаи,
- Набавка на канцелариски материјали,
- Останата административна поддршка.
Потребни квалификации:
- Високо образование,
- Претходно работно искуство во администрација ќе се смета за предност,
- Активно познавање на англиски јазик (усна и писмена комуникација),
- Развиени компјутерски вештини и познавање на MS Office програмите.
Личен профил:
- Одлични организациски вештини и способност за одредување приоритет,
- Самоиницијативен, снаодлив и тимски работник,
- Одлични комуникациски и презентациски вештини,
- Аналитички способности, упорни и енергични,
- Амбициозност и мотивираност, со желба за континуирана надградба,
- Професионален и позитивен однос,
- Љубезност и учтивост,
- Способност за самостојна и тимска работа, и работа под притисок.
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на следната email адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со задолжителна назнака на работното место за кое аплицирате.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!
Слични огласи »