
За компанијата: Издавачки центар ТРИ е основан на 23 ноември 1999 година. За многу кус период ТРИ се наметнува како мошне сериозен и инвентивен издавач на македонската културна сцена, пред сè поради својата ориентација...
повеќе за компанијата »Паблишер ДОО бара
Искусен графички дизајнер
Нашиот тим има потреба од нов креативен член, посветен на дизајнот, и колега со кого ќе можеме да разменуваме идеи.
Потребни квалификации и вештини
- Задолжително работно искуство од минимум 2 години на позиција графички дизајнер
- ВСС – пожелно е кандидатот да има завршено Факултет за ликовни уметности
- Познавање на програмите за графички дизајн – Adobe: Photoshop, InDesign, Illustrator
- Одлично познавање на социјалните мрежи (Фејсбук, Инстаграм)
- Одлични аналитички и комуникациски вештини
- Креативност
- Око за детали
- Флексибилност
- Почитување на крајни рокови
- Организираност.
Секоја дополнителна квалификација ќе се смета за предност.
Цел и одговорност на работното место
- Графички дизајн и подготовка на корици на книги
- Дизајн и подготовка на маркетинг-материјали
- Подготовка на припреми за печатење
- Дизајн на визуелни решенија за маркетинг-кампањи и за продажни промоции
- Применување на новитетите во насока на подобрување на печатените и на визуелните комуникации на дефинираните цели.
Што нудиме?
- Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 8:30 до 16:30 часот
- Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
- Месечна плата од 28.000 денари
- Работниот однос за позицијата се заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време.
Сите заинтересирани кандидати својата кратка биографија и портфолио треба да ги достават на [најави се за да го видиш е-маилот] , најдоцна до 10 февруари 2020.
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат сите критериуми.
Останати огласи »