АЛМА - М ДООЕЛ  СКОПЈЕ лого

М’рчндајзер/ка (унапредувач/ка на продажба) за Кочани - Виница

За компанијата: Компанијата е основана во 1991 год. во Скопје и иницијално се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка. Во 1996 год. за прв пат доби можност да врши увоз, дистрибуција и продажба на производите... повеќе за компанијата »

Ние во Алма-М веќе 30 години сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.

Алма – М ДООЕЛ

Качанички пат бр. 65а, Скопје

www.alma-m.mk

е-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

објавува ОГЛАС за следнaтa работнa позициja:

М’РЧНДАЈЗЕР/КА (УНАПРЕДУВАЧ/КА НА ПРОДАЖБА) за КОЧАНИ-ВИНИЦА

Датум на објава:

1 Февруари 2021

Рок за пријавување до

7 Февруари 2021

Број на оглас:

О-210202-НИ-УП

Сектор:

Продажба

Регион:

КОЧАНИ-ВИНИЦА

Работни задачи:

Подредување, следење и контролирање на производи (процентуално учество) на сталажи во продажни објекти според стандарди и договори на Алма-М,
Имплементација на цени, маркетинг активности (летоци, акции, настани, ...) и нивно истакнување,
Следење и известување за активности на конкуренција,
Изготвување извештаи и нивно навремено доставување,
Следење на залиха на сталажи и во магацин/и на продажни објекти, следење на рокови на употреба и примена на ФЕФО методот,
Други работи по барање на претпоставената.

Потребни квалификации и вештини:

Минимум завршено средно образование,

Флексибилност за работа на терен,
Одлична комуникација, преговарање и ориентираност кон деловни клиенти,
Професионално однесување,
Организиран/а и аналитичен/а,
Мотивирана и стабилна личност,
Динамичен/а, проактивен/а и насочен/а кон резултати,
Способност за индивидуална и тимска работа,
Позитивен однос кон промени,
Работа и познавање од компјутери (MS Office пакет),
Пожелно е поседување возачка дозвола Б – категорија, но не е задолжително,
Пожелно е познавање на англиски јазик.

Потребно искуство:

Претходно работно искуство не е потребно

Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават на следната e-пошта:  [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.

Напомена:

Работниот однос се заснова на определено време од 1 месец (период на докажување на способности),  со можност за продолжување.
САМО кандидат(к)ите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
Дневно работно време е од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
Паричниот износ на основната нето плата за огласеното работно место изнесува 17.000,00 денари во првите 3 месеци, која понатаму ќе биде зголемена со додаток за работна успешност.
Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
Ве молиме без телефонски јавувања

АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »