(преземи го огласот во Word)
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје
Доколку имаш желба за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, каде приоритет се личниот развој и професионалниот напредок, сега е вистинскиот момент да се пријавиш на огласот за РЕФЕРЕНТ ЗА ПЛАЌАЊА (Референт за домашен платен промет) во Служба за плаќања.
Дел од работните задачи:
- Процесирање и плаќања согласно влезни/излезни налози;
- Вчитување, обработка и администрирање на фајлови за пензии и парични права;
- Координирање и следење на соодветни активности на плаќања што се вршат во мрежата на експозитури;
- Извршување и архивирање на сите примени извршни одлуки;
- Блокада и деблокада на трансакциски сметки, согласно прописите и др.
Потребни квалификации:
- Диплома за завршено средно образование;
- Познавање на MS Office;
- Познавање на англиски јазик;
- Комуникациски вештини;
- Внимание на детали и иницијативност;
- Претходно банкарско искуство ќе се смета за предност
Бенефиции / Придобивки:
- Конкурентна плата и дополнителни бенефиции
- Континуирани обуки и можност за професионален раст и развој
- Динамична работна средина
- Слободен ден за роденден
Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака за “Референт за плаќања”, најдоцна до 20.05.2025 година.
Ве молиме во Вашите апликации не доставувајте сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот.
Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.
Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.
Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата [најави се за да го видиш е-маилот]