
- Објавен пред 2 месеци
- Еуро-Кан Фарма
- Активен до 06.03.2025
- Позиција: Општ работник
- Локација: Скопје
Euro Can Pharma LLC, водечка компанија во одгледување и производство на медицински канабис според највисоките стандарди за квалитет (GACP), бара посветен и мотивиран Одгледувач на растенија за засилување на нашиот тим.
ОДГОВОРНОСТИ:
- Садење, нега и одржување на растенијата во согласност со стандардните оперативни процедури (SOPs)
- Следење на растот и здравјето на растенијата, како и навремено препознавање и пријавување на потенцијални проблеми
- Спроведување на процедури за наводнување, ѓубрење, кастрење и заштита на растенијата
- Почитување на протоколите за хигиена и безбедност во контролирана средина
- Водење евиденција за дневните активности и придржување кон GACP стандардите
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Претходно искуство е пожелно со одгледување растенија, по можност во контролирана средина
- Разбирање на основни земјоделски и ботанички процеси
- Одговорност, тимска работа и внимание на детали
- Способност за физичка работа во динамична околина
- Познавање на работа со основни алатки и опрема за одгледување
НУДИМЕ:
- Конкурентна плата и можност за професионален развој
- Работа во професионален и динамичен тим
- Практична обука и стекнување искуство со меѓународно признати стандарди (GACP)
- Пријатна и безбедна работна средина
- Работното време е 40 часа неделно, во една смена од 08.00 до 16.00 часот,
Доколку сте мотивирани за работа со растенија и сакате да бидете дел од нашиот успешен тим, испратете ја вашата биографија на: [најави се за да го видиш е-маилот]
Euro Can Pharma LLC е компанија која нуди еднакви можности за вработување и се залага за безбедна и продуктивна работна средина за сите вработени.
Слични огласи »