Финансиско друштво ТИГО Фајнанс е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.
Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата и ширење на мрежата подружници, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата:
Офис асистент
Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон исполнување на обврски, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во комуникацијата со сите колеги
Позицијата вклучува:
• Заверка на сите влезни и излезни документи (дописи, известувања, фактури и сл) и нивно проследување до соодветен сектор/менаџер
• Спроведување и водење посебна грижа за усогласеноста на работата на друштвото согласно Законот за архивски материјал и познавање на архивско работење
• Водење евиденција, архивирање, скенирање и спроведување дописи, фактури, договори и останат вид на документи кои произлегуваат од секојдневното работење
• Водење општи административни работи, вршење прием и испраќање на поштенски пратки
• Вршење прием и спроведување на странки во главното седиште на Друштвото
• Водење на евиденција за набавен инвентар
• Учество во водење на попис на крајот од календарската година, како и подготовка на целосната документација од Годишниот попис
• Подготовна на патни налози за службени патувања во земјата и странство
• Соработува со другите вработени на секое ниво, согласно потребите и насоките за остварување на целите на Друштвото (Менаџер за администрација, Специјалист за набавка)
• Одговара директно пред Менаџерот за администрација на компанијата
Услови од компанијата:
- Современа и најнова технологија
- Полугодишен бонус
- Приватно здравствено осигурување
- Можност за напредување
- Динамични работни услови во брзорастечка компанија
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија на македонски или англиски јазик преку полето Аплицирај.
Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ТИГО Фајнанс го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.
Со аплицирање, кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во прикачените документи да бидат собрани и обработувани од ТИГО Фајнанс, во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицира, како и за контакт во случај на отворање на нови позиции кои одговараат на профилот на кандидатот, и се чуваат во времетраење од 1 година. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.