Пивара Скопје: Контролор на материјали и залихи

За компанијата: Промотивни огласи на KARIERA.mk. Доколку сакате да објавите ваш оглас и да ги најдете најдобрите кандидати за вашите работни позиции, креирајте сметка на сајтот и објавувајте огласи бесплатно. повеќе за компанијата »
  • Објавен на 11.2016
  • ПРОМО
  • Активен до 05.12.2016
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје
  • Веб: kariera.mk

Работна позиција исполнета со предизвици, проектни и работни задачи и наменски обуки.

Што е тоа што бараме:

  • Висока стручна подготовка ВСС
  • Најмалку 1 година работно искуство во областа на синџирот на набавки
  • Одлично познавање на SAP софтверски систем во областа на синџирот на набавки ќе се смета за предност
  • Мотивација за работа во динамична работна околина и работа во тим
  • Одлични аналитички способности и организација
  • Способност за работа во кратки временски рокови и работа под притисок
  • Одлично познавање деловен англиски јазик
  • Одлично познавање MS Office (Excel, Word, Power Point)

Краток опис на основните одговорности:

Обезбедува поддршка за движење и следење на движењето на стоките во Пивара Скопје и стоки во транзит, како суровини, полупроизводи и готови производи кои се подготвени и во сопственост на Пивара Скопје.

Го проверува и го одржува движењето на материјалите на локација и води прецизна евиденција на залихите на материјалите и обезбедува нивно лесно пребарување низ системот.

  • Обезбедува точност на системот за управување со залиха и се грижи за трансфер на документите преку системот SAP.
  • Управува и ја контролира точноста на инвентарот со континуирана проверка.
  • Обезбедува внатрешна контрола на статусот на залихата и проверува дали е таа доволна да ги поддржи производството и продажбата.
  • Подготовува ad-hoc извештаи, месечни и дневни извештаи со цел да обезбеди контрола врз клучните области на следење.
  • Обезбедува точност на излез на краен производ според датумот на производство.
  • Одговорен е за спроведување постапка за подготовка на извоз на готов производ.
  • Обезбедува непречено одвивање пописи на материјали во магацините со претходна подготовка на SAP-системот.
  • Работи во согласност со политиките и постапките на продажбата на компанијата.
  • Работи исклучиво според и во согласност со барањата на компанијата и стандардите за квалитет.
  • Тесно соработува со тимот за продажба и информира за точното ниво на залиха и обезбедува заменски производ во согласност со потребите на продажбата.
  • Ги поддржува внатрешните и надворешните клиенти исклучиво и според компаниските стандарди и процедури.

Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време.

Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа, во прва и втора смена.

Основната бруто-плата за ова работно место е 42.000 МКД. Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од максимум 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Доколку сакате да аплицирате, креирајте сметка на KARIERA.mk и кликнете Аплицирај!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »