Адвокатско друштво Лаличиќ и Партнери лого

Стручен соработник и Адвокатски приправници

За компанијата:

Адвокатското друштво Лаличиќ и Партнери на своите клиенти им овозможува ефективни и високо квалитетни правни и консултантски услуги.
Високиот степен на посветеност, правната експертиза и креативното размислување секогаш ги носи резултатите кои нашите клиенти ги очекуваат.

повеќе за компанијата »

АДВОКАТСКО ДРУШТВО ЛАЛИЧИЌ И ПАРТНЕРИ објавува оглас за ангажман на СТРУЧЕН СОРАБОТНИК и АДВОКАТСКИ ПРИПРАВНИЦИ.

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК

Го прошируваме тимот и вработуваме амбициозни колеги на работно место Стручен соработник, со работно искуство, кои сакаат да работат на конкретни правни предмети и да преземат активна улога во модерната адвокатура.

Ангажман и работно место:

  • Работа на предмети од областа на деловно и граѓанско право;
  • Правно истражување, подготовка и анализа на правни документи;
  • Учество на состаноци и комуникација со клиенти;
  • Подготовка на договори, правни мислења и други правни документи;
  • Застапување пред судови и институции
  • Секојдневна соработка со тимот на адвокатското друштво.

Квалификации и очекувања:

  • Завршен правен факултет;
  • Положен правосуден испит;
  • Работно искуство во адвокатска канцеларија;
  • Способност за самостојна работа, преземање одговорност и самоиницијатива;
  • Познавање на македонското право и солидно познавање на англиски јазик;
  • Прецизност, организираност и професионален пристап.

Работното време: 08:30-16:30 часот, понеделник до петок.

Работниот однос се заснова на определено време, со можност за продолжување на работниот однос.

Висината на основната нето-плата се утврдува по договор, во зависност од исполнување на условите на работното место.

АДВОКАТСКИ ПРИПРАВНИК

Ги покануваме младите правници кои сакаат да стекнат практично искуство и да започнат професионален развој во адвокатска средина.

Ангажман / работно место:

  • практична работа и менторство;
  • правно истражување и подготовка на документи;
  • правна поддршка во секојдневната работа.

Квалификации и очекувања:

  • завршен правен факултет;
  • интерес за практична правна работа и адвокатура;
  • познавање на англиски јазик;
  • одговорност, посветеност и желба за напредок во адвокатура.

Што нудиме:

  • работа на реални и разновидни правни предмети;
  • динамична и професионална работна средина;
  • можност за развој и напредок во рамки на канцеларијата;
  • тимска работа и директна соработка со искусни адвокати.

Условите на ангажманот ќе бидат утврдени во текот на селекцискиот процес, во согласност со профилот и искуството на кандидатот.

Заинтересирани кандидати потребно е да достават кратка биографија на следната e-mail адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот]  

Кандидатите за адвокатски приправници имаат можност својата апликација да ја достават и на следниот линк: Кариера

Рокот за аплицирање е до 15.04.2026 година.

Повеќе информации за нас на: www.lblaw.com.mk

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »