Промовирани огласи »

Дали млекото навистина е неопходно за здрави коски?

Овие намирници се добар извор

Млекото со години се поврзува со здрави и цврсти коски, најмногу поради калциумот кој го содржи. Но, дали навистина мора да пиеме млеко за да имаме здрави коски?

Одговорот е – не. Калциумот е важен за одржување на коските, но млекото не е единствениот негов извор. Калциум може да се внесе и преку јогурт, сирење, одредени видови зеленчук, јаткасти плодови, семиња, риба која се јаде со коски, како и преку некои производи збогатени со калциум.

За здравјето на коските не е важен само калциумот. Витаминот Д му помага на организмот подобро да го апсорбира калциумот, а важни се и доволниот внес на протеини и редовната физичка активност.

Особено во детството и младоста, балансираната исхрана и движењето се важни за правилен развој и градење на коскената маса.

Затоа, ако не консумирате млеко, тоа не значи дека автоматски ќе имате слаби коски. Најважно е преку разновидна исхрана да ги внесувате потребните хранливи материи и да одржувате активен начин на живот.

Млекото може да биде дел од здравата исхрана, но не е единствениот пат до здрави коски.

Тагови: витамин Д витамини здрав напиток здрава храна здрави коски млеко

Промовирани огласи »

Огласи за работа во државна администрација!

Најнови огласи за работа во државна администрација!

Државната администрација нуди одлични можности за работа и кариера, а порталот KARIERA.mk е идеално место за најдобрите кандидати да ги пронајдат огласите за отворените позиции. 

На платформата ќе најдете различни работни места во јавниот сектор, од најниските до највисоките позиции во разни министерства, агенции и други државни институции.

Моментално отворени позиции:

Виш соработник за административни, општи и правни работи, Виш соработник за општи и заеднички работи и човечки ресурси, Оддел за правни и административни работи, Одделение за правни, административни и општи технички работи, Сектор за правни, финансиски, административни и општи работи

Помлад соработник за водење регистар за јавни набавки, Одделение за јавни набавки, Сектор за финансиски прашања

Помлад соработник за координација на имплементација на Национални акциони планови на Декадата за вклучување на Ромите, Одделение за имплементација на Стратегијата и Декадата на Ромите, Сектор за координација и техничка помош на министерот

Помлад референт - матичар во подрачна канцеларија на одделение за матично работење, Подрачна канцеларија Кочани, Одделението за матично работење Штип, Сектор за управно - надзорни работи од областа на матичното работење, планирање и анализа

Секретар/Технички Секретар I/Самостоен референт за деловно работење, Одделение за нормативно - правни работи, човечки ресурси - општи работи

Сите останати позиции за во државна администрација можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: државна администрација

Промовирани огласи »

ФЗО најавува построги правила за боледување: матичен лекар ќе отвора до пет дена

Нови мерки од ФЗО за спречување злоупотреби: пократко боледување кај матичен лекар и теренски контроли на домашна адреса.

Фондот за здравствено осигурување најави измени на Правилникот за боледување и критериумите за контрола, со цел да се спречат злоупотреби и средствата да стигнат до оние на кои навистина им се потребни. Според предлогот, матичните лекари ќе можат да издаваат боледување во траење до пет дена, наместо досегашните седум, додека за лицата кои поради здравствена состојба не можат физички да дојдат, постапката за отворање боледување ќе биде олеснета.

Директорот на ФЗО, Златко Перински, изјави дека новина е можноста, врз основа на извештај од контролор, дополнително да се ревидира лекарското иследување издадено од лекарска комисија. Тој посочи дека Фондот за 2026 година има предвидено 6 милијарди и 454 милиони денари за боледувања и породилно отсуство, оценувајќи дека станува збор за значителна сума која бара построга контрола.

Контролите, како што најавуваат од ФЗО, ќе се вршат по случаен избор или по пријава од работодавач, а контролорот ќе може да го посети осигуреникот на домашната адреса додека е на боледување. Доколку лицето не биде пронајдено дома, ќе му биде оставен документ со повик да се јави пред соодветна лекарска комисија и да објасни зошто не било на местото каде што го користи боледувањето. За утврдените случаи ќе бидат известени и работодавачите.

Тагови: боледување Фонд за здравствено осигурување (ФЗО)

Промовирани огласи »

Погледнете ги сите огласи за вработување во Хотел Мериот!

Вработување во Хотел Мериот!

Сместен на самиот плоштад Македонија, хотелот Marriott Skopje претставува симбол на луксуз, врвна услуга и современ стил во срцето на градот. Како дел од глобалниот синџир Marriott International, хотелот нуди уникатно искуство за гостите, со високи стандарди на услуга, комфор и гостопримство. Располага со модерно опремени соби, врвен спа и фитнес центар, ресторан со интернационална кујна и еден од најпрестижните бизнис и настански капацитети во регионот.

Работата во Marriott значи да си дел од светски препознатлив бренд, кој ги негува вредностите на интегритет, иновација и тимска работа. Ако си личност која е посветена на квалитет, има страст за угостителство и сака да биде дел од динамична и професионална средина – Marriott Skopje е вистинското место за тебе!

Моментално вработува:

Собар - ка / Hotel Cleanliness Expert
Келнер/ка - F&B Service Expert
Рецепционер/ка - Guest Experience Expert
Хостеса / Hostess
Келнер/ка (Собна послуга) - F&B Service Expert (Room service)

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции ќе ги најдете ТУКА.

Тагови: Skopje Marriott Hotel

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »