ЈАВЕН ОГЛАС за рецензенти на учебници

За компанијата: Промотивни огласи на KARIERA.mk. Доколку сакате да објавите ваш оглас и да ги најдете најдобрите кандидати за вашите работни позиции, креирајте сметка на сајтот и објавувајте огласи бесплатно. повеќе за компанијата »
  • Објавен на 11.2016
  • ПРОМО
  • Активен до 21.11.2016
  • Позиција: Филолог/Преведувач
  • Локација: Скопје
  • Веб: kariera.mk

Врз основа на член 16 став 1 од Законот за учебници за основно и средно образование (“Службен весник на Република Македонија” бр. бр.98/2008, 99/2009, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13 и 29/14, 24/13, 120,13, 29/14, 146/15, 217/15 и 30/16), директорот на Педагошката служба, распишува


ЈАВЕН ОГЛАС 
за рецензенти на учебници


1. Нарачател: Министерство за образование и наука – Педагошка служба, ул. ,,Св.Кирил и Методиј“ бр. 54-Скопје.

2. Се распишува Јавен оглас за рецензенти по предметот:

- Работа со компјутер и основи на програмирањето за IV одделение на деветгодишното основно образование.

3. Кандидатите за рецензенти треба да ги исполнуваат следните услови:

- да се наставници од наставничките факултети за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во наставата или

- да се наставници од основно училиште за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во наставата.

4. Пријавите може да се подигнат во Министерството за образование наука – Педагошка служба, ул:„Св.Кирил и Методиј “бр.54 – Скопје или да се преземат на следниот линк.

5. Рок за доставување на пријавите е заклучно со 18.11.2016 година.

6. Пријавите да се достават на адреса: Министерство за образование и наука – Педагошка служба, ул.„Св.Кирил и Методиј„ бр.54 – Скопје.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »