Mellon Solutions Dooel лого

Административен асистент

За компанијата:

Mellon Solutions Dooel дел од Mellon Групацијата, е основана во Скопје во 2003 година и претставува двигател на дигиталната модернизација во финансискиот сектор. Компанијата обезбедува напредни решенија... повеќе за компанијата »

Mellon Group е водечка грчка мултинационална групација која нуди специјализирани решенија и услуги со цел да ги задоволи барањата на финансиските институции и другите организации чиј бизнис е насочен кон големи групи на клиенти. Mellon Group е со седиште во Атина, Грција и моментално брои преку 6.000 вработени во 12 земји.

Мелон Солушнс Дооел, членка на Mellon Group, за својата канцеларија во Скопје има потреба од:

Административен асистент

[реф. бр. 2021-009)

Профил на работната позиција:

  • Организација на целокупната административна работа на компанијата;
  • Прием и проследување на повици како и пречекување на клиенти;
  • Извршување административнo-финансиски задачи (припрема и обработка на фактури, водење на каса и сл.);
  • Водење на целокупната архива на компанијата;
  • Набавка на канцелариски материјали за потребите на компанијата.

Профил на кандидатот:

  • Минимум 2 години работно искуство на иста или слична позиција;
  • Завршено високо образование;
  • Искуство во водење на архива;
  • Одлично познавање на англиски јазик (пишан и говорен);
  • Одлично познавање на MS Office пакетот;
  • Одлични говорни и пишани комуникациски способности;
  • Уредност, одговорност и чесност.

Услови:

  • Изборот ќе се изврши согласно роковите предвидени во Законот за работни односи.

Компанијата го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

Заинтересираните кандидати треба да ја испратат својата биографија на следната

e-mail адреса: jobs.mk@mellоngroup.com најдоцна пет дена од објавувањето на огласот.

Мелон Солушнс Дооел

ул. Франклин Рузвелт, бр.19,

1000 Скопје

Согласно Законот за заштита на лични податоци, по истекот на рокот за избор на кандидатот сите пристигнати биографии ќе бидат уништени.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »