
За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси.
Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење...
повеќе за компанијата »За вработување кај наш реномиран клиент, ОКТА АД – Скопје, која е дел од една од најголемите групации во енергетскиот сектор – Групацијата Хеленик Петролеум и воедно најголем снабдувач на горива во земјата, бараме:
Магационер (Реон Скопје)
ЗАДАЧИ:
- Прием, издавање на материјали и водење евиденција за секоја трансакција во ERP систем (SAP);
- Организирање внатрешен транспорт/ракување со материјалите до местото на складирање во магацинот;
- Внимателно складирање или дистрибуција на примената стока, без можност истата да биде оштетена;
- Изготвување на извештај за минималната и максималната количина на залихи на материјали и делови од опрема;
- Обезбедување соодветна евиденција и управување со целата документација за да се потврди соодветното ниво на залиха и да се одржува контрола на залихите во согласност со процедурите на компанијата;
- Комуникација со секторот за набавки и со назначените инженери на компанијата за квалитетен и квантитативен прием на стоки;
- Учество во проверка на примената стока од аспект на оштетувања или несогласувања;
- Одржување на чист и уреден магацин;
- Следење и почитување на релевантните процедури;
- Водење соодветни документи за безбедно складирање и ракување со материјалите;
- Врши и други работи од областа на стручната квалификација
БАРАМЕ:
- ССC/ВСС, пожелно со машинска или електро насока
- Најмалку 3 години релативно работно искуство како Магационер или друга слична позиција која се занимава со асортиман на технички материјал.
- Претходно работно искуство со САП или друго соодветно ERP решение ќе се смета за предност.
- Активно познавање на англискиот јазик
- Добро познавање на MS Office пакетот
- Возачка дозвола Б категорија
- Поседување на Дозвола за работа со виљушкар и дигалка се смета за предност
Барани лични особини и вештини:
- Добри комуникациски и организациски вештини;
- Ориентираност кон тимска работа;
- Доверливост и лојалност;
- Одговорност;
- Посветеност и самоиницијативност;
- Time management вештини;
- Способност за работа на висина, кревање на тешки предмети
ПОНУДА:
- Работа во позитивна средина со можност за напредување
- Солидна нето плата
- Интерна обука
- Полно работно време од 07:00-15:00 часот
- Организиран превоз до работно место од компанијата
- Организирана исхрана од компанијата
Други бенефиции согласно политиките на компанијата.
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на [најави се за да го видиш е-маилот] и наведете ја позицијата „МАГАЦИОНЕР“ за која аплицирате.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
[најави се за да го видиш е-маилот] , www.esi.mk
Слични огласи »