ПОЛИЕСТЕРДЕЈ ДООЕЛ СКОПЈЕ лого

Административен асистент

За компанијата:

Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување.

повеќе за компанијата »

Активни огласи од ПОЛИЕСТЕРДЕЈ ДООЕЛ СКОПЈЕ:

Магационер - Плакатер - Оператор за доработка - Оператор на машина

Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување. Ние ги сметаме своите човечки ресурси за клучен фактор во нашиот брз и одржлив развој.

 

Распишуваме оглас за работното место „Административен асистент“.

 

На огласот можат да конкурираат кандидати кои сметаат дека ги поседуваат долунаведените  потребни квалификации:

 

  • Минимум средно образование;
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на работа со компјутери и MS Office пакетот
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија.

Лични карактеристики:

  • Посветеност, одговорност и лојалност
  • ​Динамична личност со способност за преземање иницијативa
  • Висок личен интегритет и професионален деловен однос
  • Одлични организациски и комуникациски вештини
  • Прецизен, точен и аналитичен пристап во работењето

Опис на работно место:

  • Комуницикација со клиенти на телефон,
  • Проверка на материјалите кои се во изработка по барање на клиенти,
  • Проверка на готови материјали со работните налози,
  • Известување клиенти за готови материјали, пробни примероци ( на телефон и по маил-во случај кога клиентот не се јавува на телефон ),
  • Изготвување  на профактури и  фактури,
  • Читање на картица и ИОС,
  • Организација на достава.

Нудиме:

Постојана поддршка и помош од вработените во Полиестердеј во периодот потребен за адаптација;

Одлична работна атмосфера;

Можност за напредок доколку кандидатот покаже желба, знаење и способност да се носи со своите работни обврски;

Можност за учење и стекнување нови вештини;

Редовна Плата.

Работниот однос се заснова на определено време за период од 1 месец, со можност за продолжување на 3, 6 или 12 месеци.

 

Искористете ја можноста да бидете дел од нашиот тим и кажете ни зошто вие сте идеалната личност за оваа работна позиција, испратете ни го вашето CV  на [најави се за да го видиш е-маилот] со наслов: “за работна позиција Административен асистент”.

Само кандидатите кои ќе влезат во најтесниот круг ќе бидат контактирани од страна на претставнци на нашата компанија.

 

Веб сајт:

www.print.mk

www.polyesterday.com.mk                              

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »