Академија за животни професионални вештини

Објавенпред 6 часа
Активен до17.11.2026
ПозицијаАдминистративен работник
ЛокацијаСкопје
Веб-страницаtheheadhunter.com
За компанијата

The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

АКАДЕМИЈА ЗА ЖИВОТНИ И ПРОФЕСИОНАЛНИ ВЕШТИНИ

Времетраење: 12 месеци | Број на места: 10 | Возраст: 25–35 години

БАРАМЕ 10 ЛУЃЕ ШТО САКААТ ДА НАПРАВАТ ПРОМЕНА!

Што е програмата?

12-месечна програма за 10 лица на возраст од 25 до 35 години, која ги обединува личниот развој, градењето заедница и практичното стекнување вештини преку работа на реални проекти. Целта е учесниците да ги откријат своите способности и интереси, да ја зајакнат самодовербата, да иновираат и да создаваат заедно и да изградат нови можности за работа и заработка.

Програмата не е класична обука, ниту инкубатор во кој секој развива посебен бизнис, туку заедница во која учесниците заеднички работат на повеќе проектни насоки, преземаат различни улоги и учествуваат во создавање реални производи и услуги.

На што ќе работиме?

Ќе се развиваат и тестираат идеи во четири области, кои се предмет на заедничка одлука според резултатите од обуките. Проектите ќе се развиваат преку истражување на потребите на клиентите, тестирање идеи, создавање прототипи, реализација на пилот-активности и воспоставување први платени услуги.

Паралелно со практичната работа, програмата вклучува активности за личен развој, комуникација, тимска работа, самодоверба и справување со предизвици, како и заеднички оброци, готвење, музика, танцување, културни активности, планинарење и авантури.

Фази на реализација

  • Месеци 1–3: запознавање, градење доверба, откривање интереси и способности и испробување на четирите проектни насоки.
  • Месеци 4–6: развој на услугите и бизнис-моделите, дефинирање улоги и подготовка за тестирање на пазарот.
  • Месеци 7–9: практична реализација, работа со први клиенти, тестирање на понудата и остварување први приходи.
  • Месеци 10–12: процена на резултатите, избор на проектите со потенцијал за продолжување и план за долгорочна одржливост.

Што ќе добиеш?

  • Можност да откриеш нови интереси и способности.
  • Практично искуство преку работа на реални проекти.
  • Развој на комуникациски, тимски, дигитални и други применливи вештини.
  • Поддршка во личниот и професионалниот развој.
  • Можност да работиш со различни луѓе и да изградиш нови пријателства и контакти.
  • Учество во креативни, спортски, културни, гастрономски активности и активности во природа.
  • Можност за практично учење преку посета на компанија во странство.
  • Можност да развиеш конкретна професионална насока, да учествуваш во развој на услуги или да откриеш нови можности за заработка.

Програмата предвидува и месечен паричен надомест за учесниците, според условите утврдени со проектот и договорот за учество. Деталите ќе бидат соопштени пред потпишување на договорите.

Кого бараме?

  • Лица на возраст од 25 до 35 години кои:
  • сакаат позитивна промена во својот живот;
  • се подготвени да учат и да пробуваат нови работи;
  • сакаат да работат на практични задачи и заеднички проекти;
  • се подготвени да соработуваат, да споделуваат идеи и да ги почитуваат другите;
  • се отворени за различни професионални можности;
  • можат да се посветат на програмата во текот на 12 месеци;
  • можат да учествуваат со флексибилно работно време кое вклучува и викенди и повеќедневен престој вон работната средина.

Услови за учество

  • Кандидатот да има 25–35 години во моментот на пријавување.
  • Да е подготвен да учествува во програмата во период од 12 месеци.
  • Да може да учествува во флексибилно работно време.
  • Да има интерес за личен развој, практично учење и работа на заеднички проекти.
  • Да сака да работи во тим.
  • Да е подготвен да ги почитува договорените правила на програмата и другите учесници.
  • Да може да се посвети на договорениот распоред, со однапред дефинирани можности за флексибилност.
  • Познавање на работа со компјутер.
  • Познавање на англиски јазик.

Не се услов за пријавување:

  • претходно работно искуство;
  • познавање на претприемништво;
  • сопствен бизнис или бизнис-идеја;
  • одредено ниво на приходи;
  • претходно учество во обуки.

Како ќе се одвива изборот?

  • Пополнување кратка апликација.
  • Одговарање на формулар со неколку прашања.
  • Индивидуален разговор со избраните кандидати.
  • Заедничка пробна активност.
  • Избор на 10 учесници.

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе