Макпетрол АД е синоним за доверба, квалитет и иновации во енергетскиот сектор! Со 79 години искуство, ние сме најголемата компанија за снабдување со горива, природен гас и енергетски решенија во Северна Македонија. Нашата широка мрежа од 126 бензински станици, постојаните инвестиции во еко-горива и нашите над 2000 вработени ја прават компанијата идеално место за професионален раст и развој.
Ако сте амбициозни, посветени и сакате да бидете дел од успешна приказна, ова е вашата шанса!
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Работно место: Самостоен референт во Одделение за Верна картички и Самостоен референт во Одделение за Верна+ картички при Секторот за големопродажба на енергeнси – Верна картички во Дирекција за големопродажба (2 извршители), на определено време од 5 (пет) месеци, со можност за продолжување на договорот.
Работни задачи и одговорности:
- Врши секојдневно внесување, архивирање, категоризација и чување на документацијата во електронска форма, како и редовно ажурирање и одржување на евиденцијата.
- Води евиденција за активните деловни договори, договорените услови, роковите и обврските.
- Врши евидентирање и следење на документацијата доставена во Секторот, како и на документите кои треба да се вратат.
- Врши редовна проверка и контрола на документацијата поврзана со изработката на Верна/Верна+ картичките, со цел навремено откривање и пријавување на евентуални неправилности.
- Води евиденција и врши следење на авансните уплати за Верна/Верна+ картичките.
- Ги следи роковите на важност на договорите и навремено известува за потребата од нивно продолжување или обновување, како и за достасаните обврски.
Потребни квалификации и вештини:
- Претходно работно искуство од најмалку 2 години;
- Завршено најмалку средно образование;
- Познавање на работа со компјутери и канцелариски програми;
- Развиени организациски и административни способности;
- Прецизност, одговорност и посветеност во работењето;
- Способност за самостојна работа и почитување на утврдени рокови.
Начин на апликација:
Кандидатите својот интерес за вработување можат да го искажат преку аплицирање на огласот на веб-страницата www.kariera.mk.
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови ќе биде спроведено интервју за вработување.
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
Со аплицирањето се смета дека кандидатите се согласуваат Макпетрол АД Скопје да може да ги собира, обработува и чува нивните лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, согласно законските прописи.
Кандидатите можат согласноста за обработка на личните податоци да ја повлечат во секое време со доставување на барање на следниот e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] .