Job Good! Life Good!
Во The HeadHunter Group веруваме дека успешните кариери и успешните бизниси започнуваат со вистинските луѓе. Со присуство на Балканот, Кипар, Грција и Соединетите Американски Држави, се специјализираме за услуги од областа на регрутација и директно пребарување на кадри, поврзувајќи го врвниот талент со амбициозните организации.
Нашиот пристап се темели на доверба, брзина, познавање на пазарот и долгорочни односи — помагајќи им и на кандидатите и на компаниите да ги остварат своите цели.
За наш клиент, компанија од областа на софтверското инженерство, бараме одговорен, мотивиран и организиран Специјалист за финансии/Сметководител.
Лицето ќе биде одговорно за планирање и управување со финансиското работење на компанијата. Целта е да се обезбеди точно буџетирање и навремена наплата, усогласеност со даночните прописи и навремени финансиски информации за донесување деловни одлуки.
Главни задачи и одговорности
- Планирање и управување со финансиското работење на компанијата.
- Подготовка на годишниот буџет, финансиски планови и проекции.
- Следење на реализацијата на буџетот, анализа на отстапувања и предлагање корективни мерки.
- Следење на приходите, трошоците и паричните текови.
- Издавање фактури, следење на побарувањата и навремена наплата од клиенти.
- Организација и следење на плаќањата и обврските кон добавувачи и партнери.
- Пресметка и следење на даночните обврски (ДДВ, данок на добивка, персонален данок) и навремено поднесување пријави.
- Комуникација со Управата за јавни приходи (УЈП) и подготовка на документација при даночни контроли.
- Подготовка на финансиски извештаи, анализи и прегледи за менаџментот и сопствениците.
- Следење на финансиските договори и обврски на компанијата.
- Координација со надворешното сметководство, банки и други финансиски институции.
- Креирање и унапредување на финансиски процедури, интерни контроли и системи за известување.
Задолжителни услови
- Завршено високо образование – Економски факултет или сродна област (бизнис, менаџмент, финансии, сметководство).
- Минимум 5 години работно искуство во финансии, финансиско управување или финансиско планирање.
- Практично искуство со буџетирање и следење на реализација на буџети и парични текови.
- Искуство со фактурирање, следење на наплата и организација на плаќања.
- Познавање на даночните прописи (ДДВ, данок на добивка, персонален данок) и искуство во работа со УЈП.
- Искуство во подготовка на финансиски извештаи, анализи и проекции.
- Напредно познавање на Microsoft Excel и Microsoft Office.
Предност / пожелно
- Овластен сметководител или професионален сертификат (ACCA, CFA или сличен).
- Искуство со ERP / сметководствен софтвер.
- Познавање на англиски јазик.
- Висока дигитална писменост.
- Работа со cloud канцелариски алатки (Microsoft 365, Google Workspace).
- Користење на алатки со вештачка интелигенција (AI) за анализа на податоци и подготовка на извештаи.
Лични компетенции
- Аналитичност, прецизност и внимание на детали.
- Организираност и способност за следење на повеќе финансиски активности и рокови истовремено.
- Самостојност, одговорност и практичен пристап кон работата.
- Проактивност и желба за подобрување на постоечките процеси.
- Професионална комуникација со менаџмент, клиенти, добавувачи и надворешни партнери.