Сметководствено-административен соработник

Објавенпред 6 часа
Активен до24.11.2026
ПозицијаАдминистративен работник
ЛокацијаСкопје
Телефон2464 440
Веб-страницаaurora.mk
За компанијата

Основана како семеен бизнис, Аурора Турс повеќе од три децении е меѓу водечките туристички компании во Македонија и регионот. Низ годините изградивме репутација на професионалност, доверливост, сигурност... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Аурора Турс, стабилна и динамично растечка компанија со повеќе од 35 години присуство на пазарот и сопственик на престижниот Aurora Resort & Spa 5★, бара одговорна, организирана и вредна личност со претходно стекнати познавања и искуство од областа на сметководственото и административното работење, за засилување на својот професионален тим.

Опис на работното место:

Сметководствено и финансиско работење:

  • Редовна комуникација со банки и извршување на денарски и девизни плаќања, вклучително и преку електронско банкарство. Преглед, контрола и редовно евидентирање на пристигнати уплати, фактури и друга финансиска документација во интерните системи.
  • Следење на должниците и ненаплатените побарувања, контактирање клиенти и партнери за доспеани плаќања, како и следење на обврските на Аурора кон добавувачите.
  • Контрола и усогласување на финансиски картици и евиденции.
  • Следење и контрола на финансиска документација и податоци.
  • Оперативна поддршка на главниот сметководител во секојдневното финансиско и сметководствено работење.

Административно работење:

  • Водење, обработка и организација на деловна документација и архива.
  • Подготовка, контрола и евиденција на дневен промет.
  • Спроведување административни постапки поврзани со останатите вработени.
  • Подготовка и евиденција на патни налози и друга административна документација.
  • Комуникација со државни институции и други надворешни соработници, по потреба.
  • Извршување други тековни административни активности поврзани со работењето на компанијата.

Потребни квалификации:

  • Соодветно образование од областа на економијата, финансиите, сметководството или сродна област. 
  • ​Претходно работно искуство на слична административна или сметководствена позиција. 
  • Основни познавања од финансиско и сметководствено работење.
  • Добри компјутерски вештини и познавање на деловни софтверски апликации.
  • Познавање на англиски јазик. 

Потребни способности и вештини:

  • Високо ниво на организираност, одговорност и прецизност во работењето.
  • Самостојност, самоиницијативност и способност за навремено извршување на работните обврски. 
  • Систематичност, педантност и внимание кон детали.
  • Комуникативност, тимски дух и проактивен пристап кон работата.
  • Високо ниво на доверливост и професионалност.

Нудиме:

  • Стабилна работа во реномирана компанија со силна пазарна позиција.
  • Конкурентна плата со можност за професионален развој и напредување.
  • Мотивирачка, професионална и динамична работна средина.
  • Можност за незаборавни бенефицирани патувања во рамки на дејноста

Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај подолу или на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за Сметководствено Административен соработник.

*** Огласот ќе биде отворен до пополнување на позицијата.

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе