Силк Роуд Банка АД Скопје лого

Референт за кредитна администрација

За компанијата: Банката е формирана во 1993 година како една од првите приватни банки во земјата под името Кредитна Банка АД Скопје. Од мај 2016 година, Банката работи под името Силк Роуд Банка АД Скопје и е единствена банка во Р. Македонија и регионот со 100% швајцарски капитал. повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

Оглас за вработување
на Референт за кредитна администрација во Служба за плаќања и кредитна администрација во Силк Роуд Банка АД Скопје

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.

Банката вработува РЕФЕРЕНТ ЗА КРЕДИТНА АДМИНИСТРАЦИЈА во Служба за плаќања и кредитна администрација.  

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните обврски:

  • Системско евидентирање и процесирање на кредити
  • Координира и следи соодветни активности
  • Извршува и архивира сите примени одлуки
  • Ја контролира и се грижи за целосноста на кредитната документација
  • Води грижа за архивирањето на досиејата во службата во согласност со процедурите
  • Се грижи за исцрпноста на документите од досиејата за кредити/дозволени пречекорувања

Избраниот кандидат треба да поседува:

  • Пожелно диплома во областа на економија, финансии, банкарство
  • Најмалку 1 година банкарско искуство
  • Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)
  • Добри организациски, комуникациски и аналитички вештини
  • Внимание кон детали

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака за “Референт за кредитна администрација во Служба за плаќања и кредитна администрацијанајдоцна до 09.09.2022 година.

Ве молиме во Вашите апликации не доставувајте сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот.

Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.

Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување. Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата   [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »