Декра лого

Контролор за набавки на репроматеријали

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Декра:

Сервисер - MX trainer - Маркетинг Специјалист

Во име на својот клиент Philip Morris International Inc., водечка американска мултинационалнa тутунска компанија со седум од најдобрите 15 светски брендови, вклучувајќи го и брендот број еден цигари во светот, ДЕКРА ја објавува позицијата:

  • Контролор за набавки на репроматеријали

ОПИС НА ПОЗИЦИЈАТА

Планирање и управување со нарачките за суровини за производство во согласност со плановите за производство на PMTKP, насоките и стандардите на PMI за навремено и ефикасно задоволување на стандардите на CMA. Координирање, извршување и контрола на DIM набавните активности со цел континуитет на бизнисот. Обезбедување на соодветни извештаи, подготовка на анализи и контролни механизми за да се избегне недостаток на DIM, развој на системи и други задачи поврзани со купувањето. Менаџмент/ координација на нови проекти во соработка со секторите за продукти и инженерство.

  • Прибирање на релевантни податоци, користење и развивање на соодветни алатки за извештаи со цел анализа на областа DIM, поставување на системи и усогласување на извештаите со другите фабрики. Обработка на дата податоците во информации за да се измери тековната состојба со потенцијалните идни сценарија. Контрола на магацинот, оптимизација и менаџмент на сите видови на материјали преку MRP.  Мониторирање на промените на материјалите и спецификациите на производите за да се намали ризикот од застарување на NTM;
  • Анализа и мониторирање на цената на материјалите наспроти количината на нарачката/ капацитетот на складот и комуникација со тимот за логистичка поддршка со цел комбинирање на нарачките од различни снабдувачи за да се нарача најекономичната количина во согласност со централната политика и политиката за складирање, правилата за набавка на PMI. Учество во меѓународни проекти; Идентификација на можностите за подобрување, спроведување и дефинирање на соодветни KPIs за мониторинг на напредокот;
  • Водење/ одржување на ефикасна комуникација со сите сектори во TPM и PMIM/PMOP со цел обезбедување на правилна координација на набавните активности  и обезбедување на пренос на сите потребни информации до менаџментот и постигнување на целите на компанијата. Соработка со добавувачите, самостојно или заедно со секторот набавка со цел да се оптимизираат трошоците и да се обезбеди соодветен левел на залиха;
  • Навремено подготвување, собирање и одржување  на сите документи поврзани со набавки со цел усогласување на процесот на набавка во согласност со локалното законодавство и во согласност со соодветните политики и процедури на PMI  и PMTKP. Извршување на сите активности во согласност со GRC и соработка со менаџментот во случај на неусогласеност. Јасно следење на принципот на сегрегација на функциите;
  • Генерирање, подготвување и анализирање на потребните извештаи и усогласување со процедурите за PMI извештај со цел редовно известување на менаџментот за резултатите од нивото на набавки, складирањето, тековните проблеми/ прашања и препораки за акции. Редовен  мониторинг на испораки, штети и следење на нови проекти за артикли. Генерирање на различни извештаи и анализи по барање;
  • Извршување на сите активности согласно политиката на системите за квалитет, животна средина, здравје и безбедност при работа. Прилагодување на сите законски барања, процедури и цели на компанијата како и со стандардите ISO 9001, ISO 14001 и OHSAS 18001, намалување на влијанието врз животната средина  и обезбедување безбедност на вработените на нивните работни места.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Завршено високо образование;
  • Искуството во оваа област ќе се смета за предност;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Способност за аналитичко размислување;
  • Способност за изложеност на обемна консолидација на податоци и анализи на KPI;
  • Познавање на MS Office, SAP систем;
  • Познавање на PMI IS systems како PLM;
  • Познавање на правни и даночни прашања поврзани со процесот на купување.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »