Парти Сервис Лео ДООЕЛ лого

Шеф на кујна

За компанијата:

Парти Сервис Лео e една од најголемите водечки компании во иновативните процеси на производство, дистрибуција и послужување на вкусна и свежа храна на територијата на Република Северна Македонија. Нашата... повеќе за компанијата »

  ШЕФ НА КУЈНА

 1 (една) позиција- Скопје

Работни задачи  и  одговорности:

  • Раководење и контрола на целиот процес на производство
  • Обезбедување услови за непречено функционирање на работните процеси согласно начелата на добра производна пракса
  • Врши оптимизација на процесот и воведува нови практики и технологии со цел негово подобрување
  • Креирање и унапредување на менијата според концептот на клиентот
  • Обезбедување висок квалитет, вкус и презентација на јадењата
  • Следење и контрола на производствената средина и хигиена во процесот на производството
  • Спроведување на контрола на квалитетот и стандардите на производите
  • Способност за раководење, обука и мотивација на вработените во кујна
  • Анализирање и контрола на трошоците во рамки на буџетот за производство со цел истото да биде профитабилно
  • Спроведување одлична комуникација и координација со другите оддели за спроведување на политиките и  целите на компанијата

Потребни квалификации, способности и вештини:

  • Завршено образование во областа на прехрамбена технологија, угостителство или релевантно работно искуство
  • Претходно работно искуство од 3 (три) години на иста или слична позиција
  • Одлично познавање на кулинарските техники и трендови
  • Истакнување на лидерски способности
  • Висок степен на одговорност и аналитичност
  • Одлични комуникациски и организациски вештини
  • Самоиницијативност и посветеност
  • Енергичност и истрајност
  • Висок личен интегритет и деловна култура

На кандидатот му нудиме:

  • Работа во позитивна и пријатна атмосфера
  • Работниот однос се заснова на определено време од 3 (три) месеци со можност за продолжување во зависност од прикажаните резултати
  • Конкуренски месечни примања, со соодветни бонуси и проценти за остварените резулати
  • Организирана исхрана и превоз
  • Колективно осигурување 24/7
  • Подарок за роденден

Доколку сте сигурни дека ја поседувате потребната амбиција, желба за успех и страст да се приклучите кон нашиот успешен тим, и сте спремни да ги користите извонредните можности за професионален развој кои ние ви ги нудиме, испратете ја вашата кратка биографија CV на е-маил [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака „Шеф на кујна“.

Со аплицирањето кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во CV- то да бидат собрани и обработени од ПАРТИ СЕРВИС ЛЕО ДООЕЛ Скопје во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор  на кандидатот за позицијата за која аплицираат. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »