
За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси.
Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење...
повеќе за компанијата »ЕСИ (Employment Services International) за потребите на најголемиот снабдувач на горива во земјата ОКТА АД-Скопје, објавува оглас за работна позиција:
Работник за обезбедување на главна капија
РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
- Контрола на возила и персонал на влез/излез;
- Извршување на оперативни задачи на Главна капија, со примена на јавни овластувања согласно Законот за Приватно обезбедување;
- Административни задачи кои произлегуваат од соодветните процедури и работни упатства;
- Други безбедносни мерки, дејствија и активности во просторот на компанијата.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ, ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:
- ССС; ВСС
- Задолжително поседување на Лиценца за обезбедување;
- Претходно работно искуство не е задолжително;
- Основно познавање на англиски јазик;
- Основно познавање на Word, Excel, Outlook, Power point;
- Активен возач, Б-категорија;
- Добра психо-физичка подготвеност;
- Комуникациски вештини, ориентираност кон тимска работа, доверливост, чесност, лојалност, непристрасност, одговорност.
НУДИМЕ:
- Работно време: во смени од 07.00-19.00 часот и од 19.00-07.00 часот;
- Организирана исхрана и превоз;
- Обезбедена интерна обука од 15 денови од страна на работодавачот;
- Основна нето плата 18.000 денари за период на обавување на пробна работа.
- Основна нето плата 20.000 денари по успешно завршен период на пробна работа;
- На основната нето плата се пресметуваат и исплатуваат законски пропишаните додатоци за ноќна работа, работа во државен празник, сменска работа итн.
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на [најави се за да го видиш е-маилот] и наведете ја позицијата за која аплицирате.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
[најави се за да го видиш е-маилот] , www.esi.mk
Слични огласи »