ПОЖАРНИКАР

За компанијата: Промотивни огласи на KARIERA.mk. Доколку сакате да објавите ваш оглас и да ги најдете најдобрите кандидати за вашите работни позиции, креирајте сметка на сајтот и објавувајте огласи бесплатно. повеќе за компанијата »
  • Објавен на 11.2016
  • ПРОМО
  • Активен до 20.11.2016
  • Позиција: Автомеханичар
  • Локација: Скопје
  • Веб: kariera.mk

ТАВ Аеродроми, еден од водечките светски  аеродромски оператори, управува со аеродромите Ататурк во Истанбул, Есенбога во Анкара, Аднан Мендерес во Измир, Милас во Бодрум, Газипаша во Аланија  во Турција, Тбилиси и Батуми во Грузија, Монастир и Енфидха-Хамамет во Тунис, Скопје и Охрид во Македонија, Медина во Саудиска Арабија и Загреб во Хрватска. Холдингот исто така дава услуги преку свои подружници во други сфери на аеродромските операции вклучувајќи  бесцарински продавници, угостителство, прифат и отпрема на воздухоплови, ИТ, безбедност и оператива. Заедно со своите подружници, компанијата услужи повеќе од 102 милиони патници во 2015 година на 780.000 летови преку своите 50.000 вработени.

ТАВ Македонија, Аеродромот ‘Александар Велики’ – Скопје како дел од ТАВ Аеродроми во моментов е во потрага по нов вработен за позицијата: 

ПОЖАРНИКАР

ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ:

  • Врши обезбедување од пожари на воздухопловите и објектите на аеродромот; а во исто време ги контролира сите места во објектите, а посебно местата каде што постои опасност од избувнување на пожар;
  • Редовно ја контролира ПП опремата и средствата за гаснење на пожар и спасување и ја одржува во исправна и мобилна состојба;
  • Должен е да ги познава и соодветно да ги употребува средствата за гаснење на пожар кои се наоѓаат во ПП возилата, како и оние кои се наоѓаат во објектите, брзо да ги активира и употребува во случај на пожар;
  • Должен е редовно и активно да учествува во изведувањето  на теориската настава и практичните вежби, поради континуирано одржување и усовршување на стручната и психофизичката способност потребна за работа во Секторот за ППЗ;
  • Должен е да ги познава типовите на воздухопловите кои оперираат на аеродромот, со податоците од аспект на ППЗ и спасување;
  • Врши ПП дежурство на платформа при полнење на воздухопловите со гориво и при влегување и излегување на патниците од воздухопловот, а воедно треба да се грижи, редовно да ги одржува во чиста и уредна состојба ПП возила, ПП опремата, гаражите, просториите и кругот на Секторот за ППЗ;
  • Материјално одговара за Противпожарната и спасувачка опрема и средствата за гаснење на пожари;
  • Активно учествува во одмрзнувањето и заштитата од замрзнување на воздухопловите на аеродромот

МИНИМУМ ПОТРЕБНИ УСЛОВИ:

  • Минимум средно образование 
  • Уверение за минимум завршен A2 степен на познавање на англиски јазик (согласно Common European Language Framework)
  • Да има доказ дека е професионален пожарникар согласно Законот за пожарникарство

ВЕШТИНИ:

  • Комуникациски вештини
  • Тимска работа
  • Чувство за итност и способност за брзо реагирање
  • Одлична психофизичка состојба
  • Способност за ракување со инстреументи во соодветната област
  • Познавање на компјутерски вештини
  • Добро познавање на англиски јазик

Сите заинтересирани кандидати можат да го испратат своето CV на маил адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака “Пожарникар“.

Ве молиме имајте во предвид дека само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

Во очекување сме на Вашите апликации!

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »