ПОПЕ КОМПАНИ ДОО лого

Продажен пулт агент

За компанијата: Продажба на рекламни материјали на големо и печатење на истите. Увозник на реномирани брендови. повеќе за компанијата »

ВРАБОТУВАМЕ на работно место:

ПРОДАЖЕН АГЕНТ НА ПУЛТ

Краток опис на работна позиција:

Прием на клиенти на пулт, продажба на материјали, одговарање на телефонски повици и прераспределба на истите, одговарање на меилови, организација за прием и испорака на пратки.

Предходно работно искусто:

Предност, но не е задолжително.

Детелен опис на работно место (дел):

• Одговорност и уредно ракување со софтвер ЦФМА за материјално и финансиско работење ( обука од фирмата), фискален апарат и каса. 

* Одговарање на телефонски повици, распределба на истите и уредно пренесување на информациите од истите

* Прием на странки и нарачки на пулт, спроведување и следење се до нивна реализација.

* Планирање и имплементација на продажните активности 

* Креирање извонреден партнерски однос со клиентите, успешна и долготрајна соработка исполнувајќи ги очекувањата како на клиентите така и на компанијата, допринос за подобрување на соработката со конкретни планови се со цел обезбедување на идна продажна и деловна соработка со сите нив

Професионални способности:

* Способности за продажба

* Способности за убедување

* Преговарачки способности

* Техничко познавање на производите кои ги продава и умешност за брзо спознавање со истите

* Услужни способности и ориентираност кон клиентот

* Административни способности, способности за брзо учење и прилагодување за ракување со ЦФМА (способност за брзо учење, обука од фирмата)

* Одлично познавање на COREL DRAW или способност за брзо учење (предност)(можност за платена обука)

* Компјутерска писменост и одлично ракување со EXEL

* Презентерски способности

* Способност за поставување на приоритети, координација и контрола при организација 

* Ефективно слушање и давање повратен одговор

Функционални способности:

* Креирање на позитивно работно опкружување

* Амбициозен/на

* Ориентиран/на кон остварување на резултати и цели

* Гради доверба

* Стекнува нови знаења

Персонални способности:

* Среденост, претставителност и уредност

* Ефективна пишана и усна комуникација

* Високо ниво на етика и морал

* Работа на константно подобрување и едукација

* Справување и решавање на проблеми во работата без нанесување на трајни последици на компанијата

Квалификации и образование:

* Средно или Високо образование (Предност Економија, Бизнис, Менаџмент)

* Практично искуство на истата или слична позиција (предност)

* Добро познавање Англиски јазик

* Компјутерска писменост и стручност за работа COREL DRAW (способност и прифаќање за доедукација) (предност, не е задолжително)

* Компјутерска писменост и стручност за работа со меил и exel.

Локација на работната позиција:

* ул. Горно лисиче бр.210, Скопје. 

Теренско извршување на работните обврски: НЕ.

Работно време:

само прва смена.

Понеделник - Петок, секоја втора Сабота

Плата: 

Основна 20.000 ден + можност на бонуси согласно реално остварливи КПИ до 8.000 ден

Краен рок за аплицирање со задолжително наведена работна позиција: 01.07.2021

Уредно “CV”, препораки и мотивационо писмо доставете на [најави се за да го видиш е-маилот]

ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАВЕДЕТЕ ЈА РАБОТНАТА ПОЗИЦИЈА ЗА КОЈА АПЛИЦИРАТЕ!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »