
За компанијата:
Alfa Rent, as part of Alfa Prips Group, offers a variety of vehicles available for short and long-term rent in our offices at the airports in Skopje and in Ohrid, as well as in Bitola downtown. As our... повеќе за компанијата »
Алфа Рент а кар со локација на Меѓународен Аеродром Скопје има потреба од рент а кар агенти кои ќе се придружат на нашиот тим.
Потребни вештини и способности за оваа работна позиција се:
-
Одлично познавање на англиски јазик (говорно и писмено);
-
Валидна возачка дозвола Б категорија со минимум 2 години активно возачко искуство;
-
Kомпјутерски вештини за работа со основни деловни софтвери;
-
Изразени комуникациски и организациски способности;
-
Способност за ефективна тимска соработка;
-
Познавање на дополнителни јазици – ќе се смета за предност;
-
Претходно искуство во туристички или услужен сектор – ќе се смета за предност.
Одговорности и работни задачи:
-
Издавање и прием на возила согласно оперативните процедури;
-
Извршување детални проверки на возила пред издавање;
-
Подготвување договори, изработка на понуди и процесирање на наплати;
-
Директна комуникација со клиенти и координација со брокери;
-
Внесување, ажурирање и управување со резервации во системот;
-
Организирање и координирање за носење на возила на технички преглед, регистрација и останати административни обврски.
Нудиме:
-
Еден месец платена обука со целосна поддршка и воведување во работните процеси;
-
Можност за професионален развој и унапредување во рамки на компанијата;
-
Организиран превоз до и од работното место;
-
Месечни бонуси врз основа на постигнатите резултати;
-
Работа организирана во две смени согласно оперативните потреби.
Доколку сте заинтересирани и сакате да се приклучите на нашиот тим, ве молиме пратете CV на [најави се за да го видиш е-маилот]
Дел од кандидатите кои ги исполнуваат потребните квалификации ќе бидат контактирани од нас во најскоро време за интервју.
Ви благодариме!
Слични огласи »