
За компанијата: Гео Гас е основана 2011 година како приватна фирма за производство на минерален гас CO₂ и разновидни продукти од него. Локацијата на природниот извор, а воедно и нашиот производствен погон, се наоѓаат...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како слика)

ГЕО ГАС ДООЕЛ Скопје е компанија која се занимава со производство, дистрибуција и продажба на минерален гас ЦО2 .Поради зголемениот обем на работа, објавува оглас за следнава работна позиција:
Комерцијалист (Продажба)
Ако сакате да станете дел од тимот, а притоа сте динамична и одговорна личност, со задоволство ве повикуваме да се пријавите на нашиот оглас за вработување.
Потребни квалификации:
- високо образование,
- претходно работно искуство од најмалку 1 година во теренска или директна продажба или претпродажба ќе се смета за предност,
- задолжително добро познавање на англиски јазик (познавање на друг јазик ќе се смета за предност),
- одлично познавање на MS Office пакетот и компјутерски програми и апликации,
- поседување на возачка дозвола Б категорија (активен возач),
Работни обврски:
- секојдневна комуникација со клиенти (купувачи),
- планирање и организирање на продажни активности,
- следење на продажбата и преземање на активности за унапредување на продажбата,
- ориентираност кон клиенти,
- развивање и одржување на односи со клиенти, комуникација со постоечки и потенцијални клиенти,
- прием на нарачки и следење на реализацијата на нарачката,
- изработка на потребна документација,
- поднесување документи до државни институции,
Вештини и способности:
- одлични комуникациски, презентациски и преговарачки вештини,
- организациски и аналитички способности,
- ориентираност кон клиенти и градење однос со потрошувачи,
- флексибилност за работа на терен,
- динамичност, иницијативност и насоченост кон резултати,
- способност за тимска работа и изразени раководни и лидерски способности.
Компанијата нуди:
- редовни, навремени и надпросечни месечни примања,
- атрактивна и динамична работа,
- можност за надоградба на професионален план,
- одлични услови за работа во тим,
- работен однос на определено работно време од 3 месеци, со можност за продолжување.
САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Испратете го вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] или контактирајте не на : +389 2 3223 202.
Слични огласи »