Друштвото за архитектура, урбанизам и инженеринг ТЕТРАКТИС Кристијан ДООЕЛ од Скопје објавува оглас за вработување за позиција – Office manager (1 лицe)
Потребни квалификации:
- ВСС – економски факултет ќе се смета за предност
- Работно искуство на иста или слична позиција
- Познавања од организација на канцелариско работење и основи на сметководство
- Одлично познавање на англиски јазик
- Напредно познавање на работа со компјутери, интернет и Microsoft Office програмите
- Возачка дозвола Б категорија
Потребни вештини, познавања и карактеристики:
- Познавања од архивско работење, одржување на архива и водење на деловодна книга
- Организација на состаноци, прием и пречекување на клиенти
- Прием и проследување на повици и документи
- Координација и менеџирање на канцелариските процеси
- Набавка на канцелариски материјали
- Административна финансиска евиденција, координација со сметководство и банки
- Подготовка на понуди, дописи, известувања и останата деловна коресподенција
- Евиденција, следење и имплементација на законски процедури во областа на човечки ресурси
- Останата административна поддршка
- Деловна коресподенција и ефективни комуникациски вештини
- Позитивен, насмеан пристап, љубезност и учтивост
- Одлични организациски и аналитички способности, иницијативност, доверливост, способност за решавање на конфликти, способност за работа под притисок
- Подготвеност за работа во дадени рокови