
За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси.
Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење...
повеќе за компанијата »За потребите на своето работење, приватната агенција за вработување и посредување при вработување ESI (Employment Services International) објавува оглас за вработување на:
ПРАВНИК
Опис на работни задачи:
- Работни односи и деловно право;
- Интерни акти, регулатива и организација на друштва;
- Организација и комуникација со државни институции и носители на јавни овластувања;
- Општи правни работи и изработка на интерни оперативни акти, облигациони односи-договори.
Бараме:
- Задолжително завршено ВСС - Правен факултет;
- Положен стручен испит - Правосуден – ќе се смета за предност;
- Познавања од деловно и трудово право;
- Минимум 2 (две) години претходно работно искуство на иста или слична работна позиција;
- Одлично владеење на Англиски јазик;
- Возачка дозвола Б категорија –Активен возач;
- Високо развиени комуникациски вештини, самоиницијативност, точност, прецизност и одговорност.
Наша понуда:
- Работно време (од-до): 08:30 – 16:30, од Понеделник до Петок;
- Одлични услови за работа и тимска работна атмосфера;
- Можности за личен и професионален развој;
- Годишен одмор согласно ЗРО.
Доколку ги исполнувате горенаведените услови, испратете ја својата професионална биографија преку полето Брза Апликација и задолжително наведете ја позицијата за која аплицирате.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Сите останати биографии ќе се чуваат со максимална доверливост.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
www.esi.mk e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »