АЛФИ ТЕХНОЦЕНТАР лого

КАСИЕР/КА (Скопје и Куманово)

За компанијата:

„АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е трговско друштво кое успешно ја гради својата професионална приказна од 1992 година, во рамки на компанијата се отворени и подружниците Алфи Техноцентар во Куманово,... повеќе за компанијата »

Активни огласи од АЛФИ ТЕХНОЦЕНТАР:

Персонал за продажба (Скопје/Куманово) (М/Ж)

(преземи го огласот како слика)

„АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е трговско друштво кое успешно ја гради својата професионална приказна веќе 30 години.
Лоцирани сме во Куманово и Скопје, поради успешната работа и зголемената продажба нашиот тим продолжува континуирано да расте.
Визијата и целите на „АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е да ги задоволи потребите на сите купувачи, дури и на оние кои имаат специфични побарувања. Постојано инвестираме во трговскиот капацитет со цел да ја зголемиме комфорноста на нашите ценети купувачи.  Нашата основна цел и препознатливост се добрата услуга и врвниот квалитет на производите кои ги нудиме.
Нашите вработени се движечката сила и затоа се стремиме континуирано да вложуваме и инвестираме во чивечките ресурси.
Тимот на „АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е препознатлив по својата учтивост, љубезност, услужливост и пријатниот однос со секој потрошувач!

Поради зголемениот обем на работа имаме потреба од:
Касиер/ка во продажните места на Алфи Техноцентар во Скопје и Куманово

 

Што ќе правиш?

Вие ќе бидете лицето на нашата компанија;

Ќе ги опслужувате клиентите во продавницата;

Вчитувањето и презентацијата на стоката ќе зависи од вас;

Ќе се грижите за изгледот на производите и чистотата во продавницата;

Ќе учествувате во попис на стоки;

Ќе работите на каса. 

 

Што очекуваме од вас?

Вие сте комуникативни, мотивирани и одговорни;

Сакате да научите повеќе и континуирано да се усовршувате,

Покажувате внимателен, коректен и љубезен однос кон клиентите;

Позитивни и подготвени за тимска работа

Подготвени сте да работите со пари.

Што ви нудиме?

Полно работно време во компанија со можности за развој на кариера;

Безбедност, исправност и исплата на одработеното време до најблиската минута;

Работа во смени;

Платена воведна обука;

Вашето резиме (CV) доставете ни го на  [најави се за да го видиш е-маилот] , со ознака „Касиер/ка (Скопје) или (Куманово)“
- Можете да не исконтактирате и на телефонскиот број 076/448/505


* Сите кандидати ќе бидат исконтактирани
* Сите апликации се третираат со доверливост

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »