
Работно место: ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО
За компанијата: Оаза Алкалоиди ДОО е со седиште во с.Таринци, Општина Карбинци , Република Северна Македонија и е компанија која се занимава со одгледување и обработка на медицински канабис .Фабриката е направена според високи стандарди за квалитет,безбедност и функционалност.Нашата компанија е една од првите компании во Република Северна Македонија здобиена со одобрение за одгледување и екстракција на канабис.
Следење на производствени процеси при обработка на медицински канабис, следење на процедурите, упатствата и правилата поставени од компанијата , како и почитување на актите за безбедност при работа.
Потребни квалификации за работно место:
- ССС ;
- Добри комуникациски вештини;
- Тимска работа;
- Познавање на основно ниво на Англиски јазик (зборување и пишување);
- Основно познавање на работа со компјутер;
- Способност за следење на инструкции и работни упатства;
- Прецизност и точност при извршување на работни задачи.
Што нуди компанијата:
- Работно време претпладне од 07:00 до 15:00 од понеделник до петок;
- Конкурентна плата;
- Здраво и безбедно опкружување;
- Исплата на регрес за годишен одмор и минат труд.
Слични огласи »