Сервис Македонија лого

Магационер - помошник

За компанијата: СЕРВИС МАКЕДОНИЈА, е овластен сервис на апарати за домаќинство, ТВ и аудио опрема, со развиена професионална сервисна мрежа низ целата земја. повеќе за компанијата »

СЕРВИС МАКЕДОНИЈА, е овластен сервис на апарати за домаќинство, ТВ и аудио опрема, со развиена професионална сервисна мрежа низ целата земја. Поради проширување и зајакнување на тимот, вработуваме: 

МАГАЦИОНЕР - ПОМОШНИК

Потребни квалификации и вештини:

  • Мин. ССС
  • Солидно познавање на MS Office
  • Работно искуство со магацинско работење ќе се смета за предност
  • Поседување на добри вербални способности и вештини на ефективна комуникација
  • Аналитичност, објективност, тимски работник
  • Педантност, темелност, добра организираност, иницијативност

Главни задачи и одговорности:

  • Прием и процесирање на пристигната роба и материјали
  • Набавка и спроведување на нарачки
  • Преземање на дејствија во магацин под надзор и насоки дадени од главен магационер
  • Правилно ракување со робата и нејзино натамошно дистрибуирање
  • Правилно сортирање на робата по позиции
  • Задолжување и раздолжување на Сервисерите со резервни делови
  • Правење на соодветни документи при движење на робата
  • Утоварање и истоварање на роба рачно и со соодветни алати
  • Контрола и спремање на робата за отпад
  • Правење и праќање на пратки кон сите видови на клиенти
  • Заведување на пристигнатата роба во електронската евиденција
  • Подготвување на тековни и периодични извештаи

Што нудиме?

  • Работа во пријатна и стимулативна средина, со амбициозен и професионален тим
  • Континуирана обука
  • Работно време: 08:00 – 16:00 часот

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, испратете ја вашата кратка биографија преку полето за аплицирање.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »