Контура лого

Оператор за доработка (ФИНИШЕР)

За компанијата: Контура е студио за графички дизајн, кое нуди целосна услуга во областа на: креативниот дизајн, високо квалитетното печатење и професионалната доработка на производите. Создаваме креативни решенија за клиенти од широк опсег на индустрии и деловни субјекти. повеќе за компанијата »
  • Објавен на 4.2023
  • Контура
  • Активен до 25.04.2023
  • Позиција: Оператор во производство/машина
  • Локација: Скопје
  • Телефон: +389(0)26146059
  • Веб: www.kontura.mk

САКАШ ДА УЧЕСТВУВАШ ВО ИЗРАБОТКА НА КРЕАТИВНИ ПЕЧАТЕНИ ПРОИЗВОДИ?

Бараме ОПЕРАТОР ЗА ДОРАБОТКА (ФИНИШЕР) кој ќе го примени своето знаење во создавање различни печатени материјали во готови производи.

ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:

  • Препознава начини и типови на доработка на различни графички производи
  • Познава техники на доработка, типови и формати на хартии
  • Подготвеност за самостојна работа и работа во тим, согласно поставените цели
  • Навременост и почитување на рокови
  • Желба за учење и надградување на знаењето
  • Возачка дозвола Б категорија

ОДГОВОРНОСТИТЕ ВКЛУЧУВААТ:

  • Дефинирање приоритети за работа во координација со својот раководител
  • Проверка на работни налози кои што треба да се изработат
  • Доработка на различни печатени материјали во готови производи (книги, списанија, брошури, летоци, тефтери, папки, визит-карти и слично)
  • Контролирање на квалитетот во сите фази на изработка на производите, во согласност со стандардите во својот сектор
  • Одржување на опрема и средства за работа

ЗОШТО КОНТУРА?

  • Обезбедена обука за работа
  • Конкурентна плата и дополнителни надоместоци
  • Стабилност на работата и можност за раст
  • Пријатна атмосфера за работа

Ние ги цениме луѓето и сакаме да растете со нас. Да се работи со нас значи работење во динамична средина со млад и амбициозен тим каде што процесот на учење никогаш не запира.

Испрати го твоето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] со напомена за Оператор за доработка (финишер).

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »