Eуроимпекс ДОО е првата приватна компанија од автомобилска индустрија, основана 1990 година на Македонскиот пазар. За овие 30 години успешно стопанисување, остваривме одличен развој благодарејќи на компаниската стратегија и на нашиот тим. Денес, сме компанија со 80 вработени лица, застапуваме 10 бренда, од кој за брендот Peugeot сме Генерални застапници на 5 пазари: С.Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија. Од неодамна и бендот Opel го застапуваме на регионалниот пазар покривајќи ги териториите на С.Македонија Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.
Во тек е процес на формирање на тимот за брендот Opel и отворен è оглас за:
ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО
- Подготовка и реализација на транспорт на возила;
- Складирање на возилата во царински склад, согласно процедурите на Царинска Управа на Република С. Македонија;
- Целосно водење на царинската постапка сè до моментот на испорака на возила;
- Прибирање на потребна документација за хомологирање на нови возила;
- Организирање на процедурата за хомологирање на нови возила;
- Комуникација со дилерска мрежа, партнери, коминтенти;
- Фактурирање на возила.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- ВСС или ССС;
- Работно искуство во шпедитерско и царинско работење минимум 3 години;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Напредно познавање на MS Office, способност за учење/адаптација за користење на софтвери на принципалот;
- Познавање на царинските системи.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ
- Комуникациски, организациски вештини и способност за ефикасно менаџирање на време;
- Прецизност, работа со строго утврдени крајни рокови;
- Превземање на одговорност, посветеност, индивидуален и тимски играч;
- Возачка дозвола Б категорија.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и да ги остварите своите амбиции и визијата за својот личен успех, Вашето CV доставете го на [најави се за да го видиш е-маилот]
Крајниот рок за аплицирање е : 31/12/2020
Кандидатите со работно искуство во автомобилската индустрија, на иста или слична позиција, ќе имаат предност.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]