
За компанијата:
Вдл Ван Хоол Македонија Дооел Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851
повеќе за компанијата »ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:
Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија и е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 3,000 вработени. Повеќе од 70 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.
За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:
РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: Координатор за обука и развој
РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Развој на програми за обука како и материјали за вработените на сите нивоа, приспособени да ги задоволат специфичните потреби на компанијата
- Зајакнување на перформансите на работното место и поттикнување на професионален раст во нашата организација
- Соработување со различни засегнати страни за да ги идентификува празнините во обуката и да развие соодветни годишни програми.
- Креирање и спроведување на обуки, работилници и презентации, користејќи различни техники и технологии
- Соработување со експерти и стручни лица за да обезбеди точна и ажурирана содржина за материјалите за обука
- Оценување на ефективноста на програмите за обука преку проценки, повратни информации и прегледи на перформансите, правејќи ги потребните прилагодувања за постојано подобрување
- Постојано следење на трендовите во индустријата, најдобрите практики и новите технологии поврзани со обука и развој
- Тековна евиденција за обука, документација и извештаи
ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ, ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:
- Диплома од додипломски студии од областа на техничките факултети, човечки ресурси или поврзана област
- Способен да комуницира на англиски (пишување, зборување, разбирање).
- Претходно работно искуство во областа на обука и развој ќе се смета за предност
- Искуство во подготовка и спроведување на обуки во корпоративен амбиент
- Одлични презентациски и ораторски вештини, со способност да се вклучат и инспирираат учесниците во обуките
- Организациски способности и способности за управување со времето, за справување со повеќе проекти и куси рокови
- Аналитички начин на размислување со способност за проценка на потребите за обука и мерење на ефективноста на обуката
ШТО НУДИМЕ:
- Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ
- Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот
- Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
- 24/7 дополнително осигурување од незгода
- Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард
- Обезбеден превоз до/од работното место
- “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места
- Безбедна и здрава работна околина со заштита според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа во таква средина
- Можност за мултинационално-препознаено професионално континуирано усовршување кај еден од најреномираните производители на автобуси во светот
Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk, во делот “отворени работни места”.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.
Слични огласи »