
За компанијата: Мак Аутостар дооел е генерален дистрибутер на повеќе брендови од автомобилската индустрија како што се: Mercedes-Benz патнички и комерцијални возила, автобуси, Setra, Evobus, Unimog, Mitsubishi Motors...
повеќе за компанијата »Нашата компанија е во потрага по нови членови кои треба да му се придружат на тимот
професионалци на Мак Аутостар и за таа цел се бара кандидат за следната позиција:
РАКОВОДИТЕЛ ЗА ЦАРИНСКИ ФОРМАЛНОСТИ
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Високо образование
- 1 година на раководна позиција од областа
- Активно познавање на англиски јазик
- Познавање на германски јазик ќе се смета за предност
- Лиценца за застапување во царински формалности
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
- Изработка на царински декларации и водење евиденција
- Познавање на царинскиот закон и уредбата за спроведување на царинскиот закон
- Познавање на царински постапки – редовно и локално царинење
- Exim согласности
- Работа со локален софтвер Kasper
Сите заинтересирани кои сакаат да му се приклучат на тимот на Мак Аутостар треба
да испратат професионална биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за
работно место „Раководител за царински формалности“ заклучно до
20-ти октомври 2022г.
Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор, ќе бидат повикани на интервју.
Мак Аутостар дооел е генерален дистрибутер на повеќе брендови од автомобилската
индустрија како што се: Mercedes-Benz патнички и комерцијални возила, автобуси,
Setra, Evobus, Unimog, Mitsubishi Motors и Mitsubishi Fuso, Mobil, сопственик на брендот
Premium Used за користени возила и на Premium деловниот центар.


Слични огласи »