
За компанијата: Основан 1945 годината, постоењето и развојот на АМСМ, го обележаа низа структурални и организациони промени, некои како резултат на времето, а пак некои како одговор на потребата да се биде и да се остане...
повеќе за компанијата »Специјалист за маркетинг
Клучни работни обврски:
- Развој и реализација на годишен маркетинг план на ниво на правни лица одделно и на ниво на АМСМ системот во целина,
- Маркетинг поддршка во организација на настани,
- Планирање на електронски и социјален медиа маркетинг,
- Грижа за корпоративно брендирање и корпоративен идентитет,
- Контрола на целокупните маркетинг комуникации,
- Подготовка на предлог концепт за маркетинг кампања,
- Брифирање на графичкиот дизајнер заради подготовка на креативен концепт и решение,
- Follow-up на реализираните маркетинг активности.
Потребни квалификации:
- Високо образование (Економски факултет смер Маркетинг, Е-биснис),
- Напредно познавање на MS Office (word, excel, power point), Internet,
- Основно познавање на Adobe Photoshop, Adobe Illustrator, Adobe InDesign, Acrobat Professional,
- Напредно познавање на Англиски јазик,
- Најмалку 3 години соодветно работно искуство.
Способности и потребни професионални вештини:
- Презентациски вештини,
- Аналитички вештини,
- Креативност,
- Енергичност,
- Почитување на крајни рокови,
- Способност за работа во динамична средина.
Доколку сакате да ни се придружете и да станете дел од нашиот успешен тим, ја очекуваме вашата кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик во електронска форма да ни ја доставите на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака РАБОТА – Специјалист за маркетинг, најдоцна до 25 јануари 2018.
Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.
Останати огласи »