ХАЛК БАНКА АД Скопје лого

Додај во омилени

Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.

Референт во Одделение за Хелп 24/7 Кол Центар во Дирекција за дигитално банкарство – операции

За компанијата:

ХАЛКБАНК е еден од најголемите и најсилни брендови на македонскиот финансиски пазар. Како најбрзорастечка банка на пазарот, Халкбанк АД Скопје денес значи и: Вработување за над 710 вработени. Широка... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како PDF)

Референт во Одделение за Хелп 24/7, Кол Центар

Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани луѓе.

Во согласност со нашата стратегија, ние сме секогаш отворени за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување.

Согласно тековните потреби, процеси и активности во Халкбанк АД Скопје, објавуваме оглас за прием и пополнување на следната работна позиција во Банката:

Референт во Одделение за Хелп 24/7, Кол Центар во Дирекција за дигитално банкарство – операции – Референца бр. 010/2026

Главни работни задачи:

  • Одговарање на дојдовни повици со цел навремено и квалитетно опслужување на клиентите;
  • Обезбедување високо ниво на задоволство на клиентите во согласност на стандардите на Халкбанк;
  • Решавање на кориснички проблеми;
  • Градење и негување на одлични релации со корисниците;
  • Активно слушање за потребите на корисниците;

Основните квалификации и барања кои кандидатот треба да ги исполнува за оваа позиција се:

  • Користење на MS-Office (Word, Excel и Microsoft Outlook);
  • Најмалку средно образование, поседување на универзитетска диплома ќе се смета за предност;
  • Поседување на работно искуство во областа на контак центар или грижа за корисници ќе се смета за предност;
  • Познавања на англиски јазик за континуирана комуникација, пишување и читање;

Истовремено, кандидатот треба задолжително да ги поседува следните познавања и вештини:

  • Одлични комуникациски вештини;
  • Спроведување на љубезна, смирена и учтива комуникација со клиенти;
  • Познавање на работа со компјутери и Windows оперативен систем;
  • Познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point);
  • Желба за континуирано учење и адаптирање на нови технологии;
  • Вештини за носење на одлуки под притисок и брз одговор на работните задачи (мултитаскинг);
  • Професионален пристап кон работните обврски;
  • Чесност и доверливост;
  • Способност за тимска работа.

Бенефиции:

  • Приватно здравствено осигурување;
  • Политика за наградување преку системот на бонуси;
  • Континуирани обуки за кариерен и професионален развој;
  • Динамична работна средина;
  • Продуктивно работно опкружување;
  • Редовни тим билдинг и спортски активности и настани за дружење;
  • Можност за субвенционирано учество во Професионална пензиска шема

Работно време: во три смени од кои ноќната смена е со работа од дома.

Вработените во нашата Банка имаат можност за напредување на повисоки и раководни позиции по стекнување со одредено ниво на искуство и зголемени знаења.

Доколку сте заинтересирани за позицијата, ве охрабруваме да аплицирате најдоцна до 31.08.2026 година на следниов е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака:

Референца Бр. 010/2026 – Референти во Одделение за Хелп 24/7, Кол Центар во Дирекција за дигитално банкарство – операции.

За да аплицирате, потребно е да ни го доставите вашето резиме (CV) на англиски јазик, мотивациско писмо и препораки.

Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката во рок од 1 (една) година.

Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »