Силк Роуд Банка АД Скопје лого

Референт во служба за производи и поддршка на продажбата

За компанијата: Банката е формирана во 1993 година како една од првите приватни банки во земјата под името Кредитна Банка АД Скопје. Од мај 2016 година, Банката работи под името Силк Роуд Банка АД Скопје и е единствена банка во Р. Македонија и регионот со 100% швајцарски капитал. повеќе за компанијата »

Активни огласи од Силк Роуд Банка АД Скопје:

Проценител на недвижен имот

(преземи го огласот во Word)

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Доколку имаш желба за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, каде приоритет се личниот развој и професионалниот напредок, сега е вистинскиот момент да се пријавиш на огласот за РЕФЕРЕНТ ВО СЛУЖБА ЗА ПРОИЗВОДИ И ПОДДРШКА НА ПРОДАЖБАТА.

Потребни квалификации:

  • Универзитетска диплома, пожелно во банкарство/финансии или друга релевантна област
  • Одлично познавање на MS Office/Еxcel
  • Добро познавање на англискиот јазик
  • Одлични аналитички вештини
  • Одлични организациони вештини
  • Високо ниво на комуникациски вештини
  • Спремност да се почитуваат и активно поддржуваат вредностите на Банката
  • Да не е изречена забрана за вршење на професија, дејност и должност

Дел од работните задачи:

  • Поддршка за електронско и мобилно банкарство за физички и правни лица, работа со дигитални сертификати, како и менаџирање на администраторска апликација за сите нови корисници, промена кај постоечки корисници и сл.
  • Изработка на дневни, неделни, месечни и квартални извештаи за работењето на население, односно следење на примени апликации за кредити, картички, извештаи за исплатени кредити и картички, следење на остварувањата на експозитурите и сл.
  • Подготовка на Market Research, односно истражување на пазарот споредбено со другите банки за сите кредитни и депозитни производи за физички лица.
  • Подготовка на предлози за кредитни продукти за физички лица за нови производи и/или модификација на постоечки производи, предлози за соработка со надворешни компании во делот на склучување на договори со нови трговци за наменски потрошувачки кредити, како и склучување на договори со градежни компании.

Бенефиции / Придобивки:

  • Конкурентна плата и дополнителни бенефиции
  • Континуирани обуки и можност за професионален раст и развој
  • Динамична работна средина
  • Слободен ден за роденден

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака за “Референт во Служба за производи и поддршка на продажбата”, најдоцна до 30.04.2025 година.

Ве молиме во Вашите апликации не доставувајте сензитивни податоци како националност, вероисповест, како и детали за вашиот приватен живот.

Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.

Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.

Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »