Специјал Продукт Дооел лого

Координатор за индустриски кетеринг

За компанијата:

Компанијата „Специјал“ е реномиран лидер во областа на пекарство, слаткарство и индустрискиот кетеринг и услужната подготовка на храна, со посветеност кон квалитет, сигурност и иновативност.... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Специјал Продукт Дооел:

Хигиеничар/ка - Оператор на линија - Слаткар

Координатор за индустриски кетеринг

Работни должности и одговорности:

  • Одговорен/а за контрола на објектите во кои се врши подготовка и послужување на храна од страна на СПЕЦИЈАЛ.
  • Контрола на хигиена на објектите во кои се врши подготовка и послужување на храна односно контрола на хигиена во кантините ( опремата) и контрола на хигиена кај вработените.
  • Одговорен/а за спроведување на обуки за инудстриски кетеринг, начин на облекување, однесување и послужување кај вработените во кантини.
  • Одговорен/а за спроведување на обуки во однос на давање на услуги за успешно и ефикасно спроведување на индустриски кетеринг во кантини.
  • Контрола при прием на суровини и готов производ ( готови оброци ) во фабриките во кои се служи храна, споредување на приемот со примениот документ.
  • Контрола на процесот на служење на храна – правилно распределување на оброците по грамажа, поставување на декларации, правилно означување на храната, правилно складирање со цел одржување на квалитетот и безбедноста во сите подружници ( фабрики ).
  • Одговорен/а за системот за нарачување на храна – внесување на нарачки ( системска обработка ).
  • Одговорен/а за спремање на табели со официјален број на нарачки за подготвување на фактура.
  • Одговорен/а за навремено нарачување на сите потребни суровини и дополнителни суровини/материјали за потребите на индустриски кетеринг во сите подружници ( фабрики ).
  • Одговорен за квалитетот и безбедноста на храната во просториите на кантините каде се врши подготовка и послужување на храна.
  • Организација на вработените – сменско работење, организација за поставување на работни позиции и работни места.
  • Вонредни контроли во објектите – во сите 3 смени во сите подружници ( фабрики ).
  • Одговорен/а за поставување и организирање на секоја нова подружница ( фабрика ).
  • Одговорен/а за решавање на инциденти,ексалации и поплаки на лице место во фабриките.

Потребни квалификации:

  • Степен и вид на образование: ССС/ВСС
  • Раб.искуство во струката: искуство на иста или слична позиција.
  • Познавања од областа на индустриски кетеринг
  • Вештини за преговарање
  • Систематичност, организираност, иницијативност
  • Одлично познавање на работа со MS Office и Internet
  • Одлично познавање на англискиот јазик (усно и писмено)
  • Возачка дозвола Б категорија

Што нудиме ние:

  • Пријатна работна средина со многу предизвици
  • Конкурентна плата
  • Попуст во приватна здравствена установа
  • Обуки за развој
  • Континуиран фидбек од работата

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »